Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, денеска се сретна со неговиот турски колега Мевљут Чавушоглу, кој заедно со турската делегација, предводена од премиерот Ахмет Давутоглу, престојува во посета на Македонија.
Двајцата министри разговараа за досегашните билатерални односи, кои годинава беа интензивни на највисоко ниво. Констатирано е дека во последните години и економската соработка бележи нагорен тренд.
На средбата, како што информира МНР, се покренати и прашања од регионалната и од меѓународната сооработка, со посебен акцент на македонските аспирации за членство во евроатланските структури, за што Турција дава безрезервна поддршка.
Министрите се осврнаа и на развојот на настаните на Блискиот Исток.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Попоски и Димитров на „Топ тема“ ќе дебатираат за надворешната политика
-
Попоски: За разлика од Македонија, Бугарија си ги заштити своите интереси
-
Попоски: Веруваме дека договорот со Бугарија може да биде подобар без да се наштети никому
-
Никола Попоски: Потребата за договор е наметната од страна на Бугарија (видео)