Дојранско Езеро се излеа поради неодамнешните обилни врнежи, кои, според хидролошките мерења, достигнаа количини од 150 литри на квадратен метар во овој регион.
Водата од езерото стигна речиси до бетонскиот заштитен ѕид и ја поплави новата градска плажа, како и околните плажи и останати содржини на крајбрежјето, јави дописникот на МИА.
Според хидролозите, водата од езерото по околу 25 години полека се враќа во некогашните рамки, што значи дека не станува збор за негово излевање, туку враќање на водата во старото корито.
Поради подобрената хидролошка состојба, последните две години нивото на Дојранско Езеро бележи постојан пораст за што придонес има и системот за полнење на езерото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




