Македонски возач на камион е тешкоповреден утрово во сообраќајка која се случила на автопатот Врање – Владичин Хан во близина на селото Мазариж, во соседна Србија.
Грчки камионџии, кои за фирмата „Терна“ превезувале градежен материјал и биле сведоци на несреќата, му пружиле прва помош на повредениот камионџија.
Според првичните информации, местото на кое се случила несреќата било остра кривина под подвозник, која е привремено решение додека трае изградбата и проширувањето на овој дел од Коридорот 10.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



