Поранешен висок функционер на француски авиопревозник тврди дека малезискиот авион го урнала американската авијација и потоа го сокрила тоа.
Марк Дуген, поранешен директор на „Протус ерлајнс“ и познат автор од областа за воздушниот сообраќај, изнесе теорија според која американската војска го урнала малезискиот авион бидејќи биле уверени дека леталото ќе изврши напад врз американската воена база во Индиски Океан, сличен на оние врз кулите-близначки во Њујорк.
Овој стручњак во својот текст тврди дека „боингот 777“ не паднал на ниту едно место каде што се вршеа истражвања, туку во близина на британските територијални води, кај Диего Гарсија.
– Неверојатно е тоа што Американците не го приметиле овој авион ако се земе предвид колку е добро опремена оваа воена база и какви сѐ технички можности има. Не би влегувал во теории на заговор, но верувам дека Американците го „застанаа“ овој авион – изјавил Дуген.
Тој се запрашува како е можно во денешно време, кога технологијата е толку напредна, без никакви траги да исчезне објект кој е долг 63 метри, а можниот одговор е дека некој намерно го крие тоа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


