Магазинот New Scientist го нарече ротвајлер на рационалноста според аналогијата со Дарвиновиот ротвајлер Ричард Довкинс. Исто како што еволуцискиот биолог Довкинс бескомпромисно ја брани теоријата на еволуцијата, британскиот лекар и научник писателот Бен Голдакр страствено ја брани научната рационалност во борбата против разни шарлатани, псеудонаучници, надрилекари, но и моќната фармацевстка индустрија.
Од 2003 година за британскиот весник Гардијан пишува саботна колумна „Лоша наука“, во која систематски ги разоткрива бесмислиците кои ни ги сервираат нутриционистите, хомеопатите, но и козметичките и фармацевстки компании. Од тие колумни во 2008 година настана истоимената книга која само во Велика Британија е продадена во половина милион примероци и стана култен публицистички бестселер. Книгата „Лоша наука“ е преведена на 25 јазици, а во издание на OceanMore во 2010 година објавена е и на хрватски јазик.
По планетарниот успех на книгата Лоша наука, Голдакр во 2012 година ја објави книата Big Pharma или Лоши лекови, во која се пресметува со фармацевстката индустрија вредна 600 милијарди долари. Таа втора успешна негова книга овие денови ќе биде објавена и на хрватски јазик под името Лоши лекови, а како нејзина претходничка издавачот OceanMore неодамна објавни ново надополнето издание на книгата Лоша наука. – Го избрав името Лоша наука за моите колумни во Гардијан, бидејќи има две значења. Имено, од една страна зборувам како луѓето ја злоупотребуваат науката, а од друга страна објаснувам како функционира вистинската наука – вели Бен Голдакр.
Бенџамин Мајкл Голдакр е роден во 1974 година во Велика Британија, но неговите родители се Австралијци. Неговиот татко Мајкл Голдакр е професор по јавно здравство на Универзитетот Оксфорд, а мајка му Сузан Трејнор во 70-тите години била позната поп пејачка, која под името Ноша Фокс настапувала во групата Фокс. Пра-прадедото на Бен, Хенри Паркес го сметаат за татко на австралиската федерација. Бен Голдакр дипломирал медицина во 1995 година на Оксфорд, а потоа се специјализирал на Универзитетот во Милано како когнитивен невро-научник. Потоа на Универзитетот Колеџ 1 Лондон стекнал диплома од идиничка медицина, на Кингс Колеџот во Лондон магистрирал филозофија, а специјализирал психијатрија. Како лекар работел за британската Nacional Health System (NHS), а од 2012 година работи како епидемиолог на London School of Hygiene and 1 I Tropical Medicine.
Го прашувам што го мотивирало да стане и научен писател. – Не гледам како лекар да работам нешто што е различно од луѓето кои твитаат или имаат блогови, па пишуваат за теми кои ги интересираат. Луѓето го поминуваат времето занимавајќи се со она што ги интересира или водат разговори за теми со кои се занимаваат во својата секојдневна работа. И јас тоа го правам, но разликата е во тоа што имам поголем аудиториум – рече Голдакр.
Псеудонаука е кога луѓето на себе навлекуваат научна покривка себеси да се уверат на површно ниво. Кинењето на таа покривка секогаш е забавно – вели Голдакр, а потоа се осврна на хомеопатијата. Тој метод на алтернативна медицина, чие мото слично се лечи со слично, е многу популарна тема на Западот, но се повеќе и во Хрватска. Иако некои добро спроведени научни студии докажаа дека хомеопатските лекови не се поделотворни од едноставно плацебо, луѓето и понатаму купуваат хомеопатски т.н. лекови. Бидејќи за тоа плаќаат скапо, хомеопатијата стана бизнис тежок милијарди долари. – Луѓето купуваат шарлатански хомеопатски производи од многу различни причини. Всушност и многу од тие луѓе се излажани. Често причина за купување на хомеопатски производи е политичкиот став: луѓето мислат дека така се борат против крупниот бизнис во здравството, иако многу од шарлатанските лекови, исто така се производ на големите компании. Понекогаш хомеопатските производи ги купуваат од страв, а некогаш бидејќи се излажани од нивното сопствено тело. Имено, поради ефектот на плацебо, по земањето на хомеопатски лекови навистина може да биде подобро – вели Голдакр.
Разговорот го продолжуваме на темата на се посилното движење кое е против вакцинацијата со која се занимавал Голдакр во многу негови колумни. Иако вакцинацијата е едно од најновите медицински достигнувања, кое ни помогна да искорениме многу тешки болести, во последните години на Западот, а сега и во Хрватска, се повеќе луѓе се против вакцинација. Тие шират неточни информации дека вакцинацијата предизцикува повеќе штета од корист. Масовната хистерија, во која со покрај верските фанатици и поборниците на алтернативните методи на лечење, учествуваат и некои холивудски ѕвезди, доведе до тоа во САД во последните години децата, но и возрасните да почнат да умираат од болести кои можат да се спречат со вакцинирање.
Движењето против вакцинациите е во подем од 1998 година, кога угледното медицинско списание Lancet објави студија на др. Ендрју Вејкфилд во која се укажувало дека комбинираната вакцина ММР против сипаници, заушки и рубеола може да предизвика аутизам и Кронова болест.
Иако студијата на Вејкфилд е отфрлена како неточна, предизвика паника кај родителите која трае и денес. Во која мера одбивањето на вакцинација е реакција на недоверба во владата, а во која на недоверба во медицината, го прашувам Голдакр. – Мислам дека тоа е и едното и другото. Токму затоа тој феномен е многу фасцинантен. Во многу земји, посебно во тие во кои сме размазени и ја доживуваме здравствената заштита како разбирлива сама по себе, здравството се идентификува со владата, значи со авторитет – смета Голдакр. Но, како можеме да ги наговориме луѓето да прифатат вакцинација, ако тие не веруваат во науката?
– Можеме да зборуваме за докази и да се бориме кога ќе видиме дека новинарите и надрилекарите ја лажат јавноста. Научниот и здравствениот естаблишмент многу е спокоен кога се во прашање последици од надрилекари и многу се плаши основано да ги критикува новинарите кога ја лажат јавноста околу вакцинирањето. Таа смиреност не чини животи – истакна Голдакр.
Ме интересираше дали скептицизмот околу вакцините донесува сепак нешто вредно и корисно во расправата. – Всушност не. Постојат многу вистински сериозни проблеми околу тоа како големите фармацевстки куќи ги извртуваат доказите за препишаните лекови, впрочем за тоа напишав цела книга. Но, теориите на заговори против вакцинацијата само ги исфрлуваат од колосек сериозните разговори кои ни требаат за да ја намалиме корупцијата и недостигот на релевантни податоци во медицинските студии – истакна Голдакр и додаде: – А најголема опасност во одбивањето на вакцинациите е таа дека со вашата глупост ќе си ги убиете вашите сопствени деца.
Критичкото пишување за шарлатани, надрилекари и псеудонаучници во Лоша наука, на Голдакр му донесе многу непријатели, но и многу тужби за клевета. Поради тоа често се влечел по судови. Најпознат судски процес со Матијас Рат, контроверзен германски лекар и витамински претприемач како и поранешен соработник на двојниот нобеловев Линус Паулинг. Имено, Рат некое време бил директор на Кардиоваскуларни истражувања при Заводот Линус Паулинг во Пало Алто во Калифорнија, а потоа во Европа се впуштил во бизнис со витамини.
Кога судот во Берлин му наредил на Рат да престане да тврди дека витамини можат да излечат рак, контроверзниот лекар се свртел кон Јужноафриканската Република.
Агресивната маркетиншка кампања во која тврдел дека витамините се лек за сидата, а не антивирусни лекови, падна на плодно тло. Рат добил моќен сојузник, јужноафриканскиот претседател Таб Мбеки, поддржувач на теориите на заговори дека ХИВ не предизвикува сида, како и дека антивирусните лекови повеќе штетат отколку што се корисни. За жал, таков став на врв на епидемијата на сида, зазела цела јужноафриканска влада, при што важна улога одиграла и тогашната министерка за здравство Манто Тшабалала-Мсиманг. Во Лоша наука Бен Голдакр изнел оценка од една здравствена студија дека таквиот пристап на хив вирусот за инфекција од сида, од 2000 до 2005 година резултирал со непотребна смрт на 330.000 Јужноафриканци.
Поради обвинението кое против него го изрекол во книгата Лоша наука, Рат го обвинил Голдакр и весникот Гардијан за клевета.
Каков е судскиот епилог од тој случај? – го прашав.
– Го добив судскиот спор, Рат плати 200.000 фунти трошоци. Набрзо покренавме успешна кампања во Велика Британија, за да се изменат законските одредби за клевета. Меѓутоа, Матиас Рат и понатаму е многу активен и успешен во светот – вели тој.
Разговорот го продолживме за неговата книга Лоши лекови, со впечатлив поднаслов Како медицината се расипа и како да се поправи, за која признава дека е напад на фармацевстката индустрија.
Зошто наеднаш фокусот од псеудонауката е свртен на критика на фармацевстката индустрија и медицината?
– Всушност за тоа пишував цела деценија во моите колумни. Но сакав цела книга да посветам на таа тема, бидејќи тоа е комплексно подрачје со многу проблеми кои меѓусебно се испреплетени. Поради тоа сите аргументи треба да бидат на едно место – рече Голдакре, кој фармацевстката индустрија ја обвинува поради прикривање на негативни резултати од клиничките експерименти.
– Лековите ги тестираат тие што ги произведуваат, во рамки на лошо замислени испитувања, на исклучително мал број чудни нерепрензентативни пациенти и ги анализираат со методи кои во самата замисла имаат недостатоци, така што се пренагласува користа од лечењето. Поради тоа, не е за изненадување дека тие испитувања обично даваат резултати кои на производителот му одат на рака. Кога испитувањата даваат резултати кои на компаниите не им одговараат, тие тогаш имаат полно право да ги сокријат од лекарите и пациентите, па гледаме една искривена слика на вистинското делување на било кој лек – предупредува Голдакре.
Наведува дека цената за појавување на нов лек на пазарот се движи и до 800 милиони долари, а поголем дел од тие пари се трошат пред да дојде лекот на пазарот.
Ме интересираше колку Голдакровата сопствена лекарска пракса ги променила неговите погледи на улогата на лекар во медицината.
– Тоа значи дека сум свесен за валканата реалност на улично ниво кога зборувам дека доказите треба да се користат во медицината. Во реалноста, медицината која се темели на докази често е многу бунтовна и трансагресивна активност: го трошите своето време за да покажете што не се прави како треба, а тоа може да ви донесе големи непријатели – рече Голдакре.
Му велам, дека алтернативната медицина често е предмет на критки бидејќи не се темели на резултати од истражувања, или тие се многу лоши. Укажува ли Голдакр во книгата Лоши лекови, дека и конвенционалната медицина се однесува на сличен начин?
– Никако. Надрилекарските производи во принцип не делуваат, но активни се така што прават поголема штета од корист. Прилично ретко во широка употреба можат да се најдат лекови кои се активно штетни, во смисла дека прават поголема штета од корист. Меѓутоа, стана многу зачестено да се дознава дека сме биле измамени околу тоа кој третман е најдобар, а тоа е резултат на комбинација на премолчени податоци, лошо дизајнирани клинички експериметни и пристрасна дисеминација на доказите околу ефективноста на лекот по пат на маркетинг. Меѓутоа, пружањето на субоптимални третмани поради лоши докази нанесува непотребно страдање и смрт на пациентот. На нас е одговорноста да промовираме медицина темелена на докази што совршено тоа го можеме, бидејќи во прашање се човечки животи – рече Голдакре.
Дали фармацевстката индустрија е таа која сепак е заслужна за многу успешни лекови и терапии?
– Секако, не е се лошо. Како што реков во книгата Лоши лекови, фармацевстката индустрија произведува терапии кои спасуваат човечки животи. Но, тоа не е изговор за лошото однесување. Јас сум лекар, но не можам да кажам: Спасив животи во болница и поради тоа не е важно ако пијам додека возам и со автомобилот да убијам неколку деца – вели Голдакре.
– Бидејќи податоците за лековите се прикриваат, тоа може да биде опасно за секој од нас. Можат да го игнорираат маркетингот кој ги измамува лекарите, кои прикриено се платени за да ги промовираат фармацевстките производи. Но, цели негативни експерименти да се кријат и никој да не знае дека сме излажани, тоа тешко можам да го прифатам. Кога се тестира нов лек, резултатите од испитувањето треба да бидат достапни до целиот медицински свет. Тоа е и причина поради која ја покренав оваа кампања Алтриалс (www.alltrials. net), за да го спречам прикривањето и задржувањето на податоците за клиничките студии. Таа кампања стана глобално успешна – потенцира Голдакре.
Ме интересираше дали книгата Лоши лекови доведе до напредок во транспарентноста кај испитувањето на новите лекови.
– Многу сум задоволен од напредокот. Книгата поттикна две владини истраги во Велика Британија, а кампањата Алтриалс има влијание на политиката во целиот свет – рече Голдакр кој на крај се осврна на етикетата ротвајлер на рационалноста.
– Среќен сум поради тој прекар. Тоа никако не значи дека сум непристоен. Но, сметам дека многу луѓе толерираат некои страшни, опасни, измамнички однесувања, бидејќи не сакаат да бидат непристојни. А, јас кога ќе дознаам нешто лошо, тоа и го кажувам и го објаснувам зошто е тоа така – заклучи Голдакр.
Извор: „Јутарњи лист“, Хрватска
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


