| четврток, 6 декември 2018 |

Зголемен посебниот додаток за децата со попреченост во развојот

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, потенцира дека целосната инклузија на лицата со попреченост подразбира и финансиска помош од страна на државата.

-Согледувајќи ја потребата на родителите кои имаат деца со попреченост, а се во тешка финансиска положба, донесовме одлука за воведување на значително зголемување на посебниот додаток за оваа категорија на граѓани. Со измените овозможивме зголемување за 25 отсто на посебниот додаток за материјално необезбедени родители. Проценките говорат дека првично ќе се опфатат 1.030 материјално необезбедени родители, од кои 919 се корисници на социјална парична помош и 111 корисници на постојана парична помош – истакна Спасов.

Клучно од измените на Законот е и овозможувањето да се оствари правото на посебен додаток за сите деца со Даунов синдром.

Измените ќе стапат на сила започнувајќи од јуни 2015 година.

За таа цел годишно ќе се издвојува 18.690.940 денари.

-За реализација на финансиската поддршка за родителите кои имаат деца со Даунов синдром, се издвојуваат вкупно 414.690.000 денари за 6.900 родители или 710 дечиња со попреченост – рече Спасов.

Министерот најави дека во 2015 година ќе има нови проекти и иницијативи наменети за лицата со попреченост.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top