| четврток, 6 декември 2018 |

Живееме под висок притисок – за една година издадени два милиона рецепти за „еналаприл“

lekovi

Македонците живеат под висок притисок. За една година биле издадени два милиона рецепти за лекот „еналаприл“, кој се пие за намалување на висок притисок и за срце и еден милион рецепти за „дијазепам“. Податоците од системот „Мој термин“ покажуваат дека секој Македонец испил по една кутија од лекот за висок притисок, а секој втор бил на „дијазепам“.

Од Фондот за здравствено осигурување чекаат да заврши декември за да направат целосна анализа за потрошувачката на лекови во 2014 година.

Но, споредбено со  нивните податоци за првите шест месеци, во втората половина има зголемување кај побарувањата за овие лекови. Односно, од јануари до јуни биле реализирани 897.286 рецепти за лекот „еналаприл“. За истиот период за дијазепам биле реализирани 425. 129 рецепти.

Последните четири години постои тренд на зголемување кај лековите за смирување. Пред еден месец, ФЗОМ алармира за енормнo зголемена употреба на лекови за намалување на напнатоста, вознемиреноста, нарушеното спиење, страв, депресија, нервоза и други стресни состојби.

Граѓаните живеат под стрес, а во такви услови доаѓа до зголемување на притисокот. Затоа овие лекови се најкористени. Ова е објаснувањето на стручњаци  дадено уште во 2011 година.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top