
Европската унија е подготвена да му укаже помош на Ирак во борбата против тероризмот и во економската обнова, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини по средбата со ирачкиот премиер Хајдер ал Абади во Багдад.
Могерини претходно на прес-конференција со ирачкиот министер за надворешни работи Ибрахим ал Џафари истакна дека ЕУ соработува со Ирак во борбата против тероризмот, бидејќи „ирачката безбедност е составен дел од европската безбедност“.
Таа изјави дека земјите од ЕУ му доставиле оваа година на Ирак помош во вредност од 150 милиони евра.
Могерини посочи дека борбата со ектремистичката групација Исламска држава ја опфаќа не само воената, туку и социјално-културната и идеолошката сфера.
– Неопходно е да развиваме партнерство и истовремено да разјасниме дека спротивставувањето на ИД и на групации слични на неа нема карактер на судир меѓу цивилизации – додаде таа.
Во дводневната посета на Ирак, Могерини е придружувана од холандскиот министер за надворешни работи Берт Кундерс. Тие ќе се сретнат со претседателот Фуад Масум и ќе го посетат Ербил за преговори со лидерот на Ирачки Курдистан, Масуд Барзани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Могерини: ЕУ нема да биде целосна се додека земјите од Западен Балкан не станат членки
-
Хан: Граѓаните на Северна Македонија заслужуваат да добијат позитивни одговори за евроатлантските интеграции
-
Могерини: Двете страни не направија горди, нас, Европејците со вин-вин изборот
-
Могерини: ЕУ да отвори преговори со Македонија


