| четврток, 6 декември 2018 |

Во Србија за абортус дошло девојче од 12 години

абортус

Според официјалните податоци на Институтот за јавно здравје во Србија годишно се извршуваат околу 20.000 абортуси, но доказите покажуваат дека бројот е многу повисок и може да достигне 150.000. Една девојка од само 12 години е најмладата пациентка која дошла да абортира.

Една четвртина од девојки во Србија стануваат сексуално активни на 16 години или помалку, според една неодамнешна студија. Научно е докажано дека девојките кои имаат сексуални односи пред 16 години, шансите да добијат рак се двојно поголеми.

Познавање на младите за контрацепцијата и сексуално преносливите болести е многу ретка и е оптоварена со серија на предрасуди. Поради тоа, тие се повеќе одат на абортус, наместо да користат кондоми или контрацептивни апчиња

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top