Од семптеври со едно боцкање децата ќе бидат заштитени од пет болести. Министерството за здравство ги набави долго најавуваните поливалентни вакцини.
Тендерот заврши, а францускиот производител вакцините ќе ги испорача во земјата кон средината на летото. Ќе биде намален стресот на родителите кои нема да имаат потреба да ги носат бебињата 13 пати до 18 месечна возраст во центрите за имунизација. Посетите ќе бидат сведени на седум. Бенефит очекуваат и здравствените власти со зголемување на опфатот на вакцинација во руралните средини.
-Со едно боцкање децата ќе се заштитат од 5 или 6 болести. Сите бебиња до 18 месеци ќе добијат од овие вакцини. Опфатот е голем, но сепак очекуваме да биде зголемен во руралните средини бидејќи со едно боцкање ќе имаме неколку вакцини – вели д-р Јованка Костовска од Министерството за здравство.
Со последниот тендер Министерството за здравство набавило и 3000 вакцини против стрептокока. Бактерија која им е позната на сите родители кои имаат деца во градинки и училишта. За почеток ќе биде на доброволна основа. Од 2018 ќе влезе во задолжителниот календар за имунизација.
-Ќе оди доброволно кој сака, но се препорачува за деца со намален имунитет. Ќе биде бесплатна. Оваа вакцина е препорачана од Светска здравствена организација – вели Костовска
Според податоците од Министерството за здравство, 96 отсто е опфатот на имунизација. Што се однесува до несаканите реакции, надлежните велат дека се незначителни. 40 до 50 пријавени на годишно ниво.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нема вакцина за новороденчињата, се заканува епидемија на жолтица!
-
Која е вашата слабост според хороскопот: Лавот не знае да каже „не“, Рибите измислуваат болести…
-
Седум болести кои ги пренесуваат комарците
-
Болестите доаѓаат кога душата не е во склад со телото: Дијабетес-кога сте осамени, настинка-кога не можете да плачете…