Зденек Земан доби отказ по серијата лоши резултати во италијанскиот калчолигаш Калјари, а според италијанските медиуми на клупата на клубот од Сардинија ќе го замени Валтер Зенга.
Калјари за кој лани како позајмен играч настапуваше македонскиот репрезентативец Агим Ибраими, игра лошо во новата сезона и првиот дел во Серија А го заврши на 18. место со само 12 бода од 16 натпревари. Со тоа Калјари е во зоната од која се испаѓа во понизок ранг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.