| четврток, 6 декември 2018 |

Кина е подготвена да ѝ помогне на Русија

Ако на Русија ѝ е потребна нашата помош, ние ќе ѝ ја пружиме. Но, веруваме дека земјата е способна да ги надмине моменталните економски проблеми, изјави шефот на кинеската дипломатија, Ванг Ји.

Тој додаде дека Кина и Русија имаат блиски дипломатски и економски врски, првенствено во енергетскиот сектор.

Кинескиот извоз во Русија порасна за 10,5 отсто, а увозот за 2,9 проценти во првите три квартали од 2014 година во споредба со истиот период од 2013 година. Вкупната вредноста на трговската размена изнесува 70,78 билиони долари.

Но, Пекинг не се вмеша во кризата во Украина и апелираше да се најде решение по мирен пат.

Минатата недела вредноста на рубљата се намали за 45 проценти во однос на доларот, но рускиот претседател Владимир Путин одби тоа да го нарече криза, наведувајќи дека повторно ќе расте вредноста на руската валута.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top