| четврток, 6 декември 2018 |

Со 3,69 промили на алкохол во крвта – делчевец со нож се заканувал пред малолетната ќерка

Триесетиедно годишната М.Н. од Делчево, вчера попладне го пријавила својот сопруг во делчевската полиција.

Имено, истиот ден околу 17,30 часот додека таа била дома со нејзиниот татко, брат и нејзината малолетна ќерка, дошол најзиниот сопруг Б.М.(37) во видно алкохолизирана состојба, влегол во собата извадил нож и им се заканил.

Сторителот е приведен во полиција, а по извршеното алкотестирање утврдено е присуство на алкохол во кравта од 3,69 промили.

По целосно документирање на случајот против истиот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top