Последните изговорени реплики на Васил Шишков во улогата на неговиот татко Ристо Шишков – „Вечната куќа“
Ристо Шишков :
Почитуван господине Ефрем Поплавски, јас сум Ристо Шишков, духовен наследник на Македонскиот Народен Театар, и во улогата на антички Теспис ги носам во овие кочии сите имиња на актери кои играа во овој театар се до моето присилно заминување во вечноста во 1986 година. Имено во таа година ме самоубија и со оглед на тоа што ми беа одземени сите улоги во светскиот репертоар што можев да ги играм јас сакам да се обратам до македонската и меѓународна јавност да ми биде вратен Македонскиот Народен Театар кој што се наоѓаше во оваа зграда , бидејќи тој беше одземен од таа интерконтинентална Македонија што јас ја играв на сцената независно дали мојот збор беше упатуван во Скопје а стигнуваше до Париз и Берлин, до Торонто и до Њујорк, до Сиднеј и Мелбурн, секаде каде што е посеана македонската дијаспора. Во овие кочии на првиот актер, античкиот Теспис, јас ги носам непобитните правни и човечки докази на сите илјадници знајни и незнајни херои што беа ликвидирани на македонската голгота и барам заштита од Судот на човечките права барем два квадрати, колку што изнесува моето гробно место, да се одреди како простор за перманентната духовна револуција која ми беше одземена тоа пролетно утро кога во Државната болница во Скопје ги откачив сите апарати кои ме одржуваа во живот и заминав гол во вечноста, а бев лишен да ги доиграм сите Шекспири, Молиери, Шилери, Гогољи, Достоевски и Булгакови, Хелдерлини и сите класици на јазиците на Азија, зошто тие не можеа да го гледаат духовното сонце во моето срце и незнаеа дека ќе се раѓам насекаде во светот каде што беше разнесена Македонија по меридијаните. Еве сега доаѓам од едно село на китоловци на Гренланд што ми запеаја една воденска песна од моето детство. . . значи во името на зградата на Театарот што овде се издигаше молам за двата квадрати Револуција бидејќи, да не заборавиме, демократијата е секојдневен државен удар.
Ефрем Поплавски:
Господине Шишков, ве молам напуштете ја сцената на која сонувам дека ве сонувам вас.
Ристо Шишков:
Господине Поплавски, сцената во која вие сонувате дека ме сонувате мене никогаш нема да биде напуштена од мојот дух . Сега ја играм улогата на Теспис и во моите кочии ги носам бесмртните глави на сите оние ликови без кои не може да живее ниедна цивилизирана нација во овој свет. Од кочиите излегуваат безброј ликови на актери од памтивек до денес.
Почитуван господине Ефрем Поплавски, јас сум Ристо Шишков, духовен наследник на Македонскиот Народен Театар, и во улогата на антички Теспис ги носам во овие кочии сите имиња на актери кои играа во овој театар се до моето присилно заминување во вечноста во 1986 година. Имено во таа година ме самоубија и со оглед на тоа што ми беа одземени сите улоги во светскиот репертоар што можев да ги играм јас сакам да се обратам до македонската и меѓународна јавност да ми биде вратен Македонскиот Народен Театар кој што се наоѓаше во оваа зграда , бидејќи тој беше одземен од таа интерконтинентална Македонија што јас ја играв на сцената независно дали мојот збор беше упатуван во Скопје а стигнуваше до Париз и Берлин, до Торонто и до Њујорк , до Сиднеј и Мелбурн, секаде каде што е посеана македонската дијаспора. Во овие кочии на првиот актер, античкиот Теспис, јас ги носам непобитните правни и човечки докази на сите илјадници знајни и незнајни херои што беа ликвидирани на македонската голгота и барам заштита од Судот на човечките права барем два квадрати, колку што изнесува моето гробно место, да се одреди како простор за перманентната духовна револуција која ми беше одземена тоа пролетно утро кога во Државната болница во Скопје ги откачив сите апарати кои ме одржуваа во живот и заминав гол во вечноста, а бев лишен да ги доиграм сите Шекспири, Молиери, Шилери, Гогољи, Достоевски и Булгакови, Хелдерлини и сите класици на јазиците на Азија, зошто тие не можеа да го гледаат духовното сонце во моето срце и незнаеа дека ќе се раѓам насекаде во светот каде што беше разнесена Македонија по меридијаните. Еве сега доаѓам од едно село на китоловци на Гренланд што ми запеаја една воденска песна од моето детство. . . значи во името на зградата на Театарот што овде се издигаше молам за двата квадрати Револуција бидејќи, да не заборавиме, демократијата е секојдневен државен удар.
Улогата на Теспис и во моите кочии ги носам бесмртните глави на сите оние ликови без кои не може да живее ниедна цивилизирана нација во овој свет.
Македонски народен театар
Шишков е роден на 30 јануари 1970. На 24 години дипломирал актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Како професионален актер дебитирал, уште студент, на сцената на Народниот театар „Војдан Чернодрински“ во Прилеп 1993, играјќи го Марко Крале во истоимената пиеса на Младен Србиновски. Претставата ја режирал Љубиша Георгиевски.
Веднаш по дипломирањето, 1994, станал член на драмскиот ансамбл на МНТ со кој, во текот на изминативе две децении, одиграл дваесеттина ролји. Гостувал и во театрите во Велес и Струмица. Играл во неколку македонски филмови и телевизиски драми.
Своја последна ролја Васил Шишков ја одиграл во претставата „Вечната куќа“, со која на 7 ноември 2013 била отворена новата зграда на Македонски народен театар. По изборот на Јордан Плевнеш, автор на текстот и на Дејан Пројковски, режисер на претставата, токму нему му било доверено да го игра митскиот македонски актер Ристо Шишков, неговиот татко кој починал 1986, на 46-годишна возраст.
Комеморацијата ќе се одржи на 23 декември во 11 часот – Македонски народен театар
Погребот на Васил Шишков ќе биде одржан на 23 декември на градските гробишта Бутел (капела од 12:00 до 13:00).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.