| четврток, 6 декември 2018 |

Северна Кореја се закани дека ќе ги нападне САД

Северна Кореја соопшти дека американскиот претседател Барак Обама постапува брзоплето, шпекулирајќи дека Пјонгјанг организирал кибер напад врз „Сони пикчрс“.

Северна Кореја тврди дека знае како да докаже дека не е вмешана во кибер нападот и предложи заедничка истрага со САД.

Пјонгјанг се закани со евентуални напади, а како можни цели ги наведе Белата куќа, Пентагон и целата територија на САД.

Севернокорејскиот претседател Ким Јонг-ун изјави дека 1,2 милионската армија е подготвена да преземе секакви воени дејствија врз САД.

САД ја обвинуваат Северна Кореја дека кибер нападот прераснал во закана за терористички напади врз американските кина, поради што „Сони пикчрс“ ја откажа премиерата на филмот „Убиствено интервју“, комедија, чије дејствие се однесува на убиство на севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top