| четврток, 6 декември 2018 |

Истрага за смртта на Чавез

cavez kovcegВенецуела ќе спроведе официјална истрага по сомневањата дека смртта на претседателот Уго Чавез настанала како резултат на труење извршено од неговите непријатели од странство, соопшти венецуелската влада. Ваквите сомнежи прв ги изрази самиот Чавез откако во 2011 година му беше дијагностициран рак. Вршителот на должноста претседател на Венецуела, Николас Мадуро, се заложи за детална истрага за причините за смртта на Чавес. Мадуро истакнa дека странски научници ќе бидат повикани да се вклучат во истрагата, што ќе ја спроведе владина комисија.

– Ќе ја бараме вистината – изјави Мадуро на локалната телевизија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top