| четврток, 6 декември 2018 |

Кина: Подготвени сме да ѝ помогнеме на Русија

2014011716354134673

Кина е подготвена да ѝ помогне на Русија ако таа има потреба од тоа, но верува дека земјата е способна да ги надмине сегашните економски проблеми, изјави министерот за надворешни работи на Кина, Ван И.

– Русија ја има мудроста неопходна за излез од проблемите – вели Ван И.

Ако руската страна има потреба од неа, ќе ја обезбедиме неопходната помош, во рамките на своите можности, вети кинескиот министер за надворешни работи.

Тој истакна дека двете страни често си помагале.

Рубљата падна за околу 45 % во однос на доларот оваа година, а особено сериозни загуби покажа минатата недела.

Рускиот претседател Владимир Путин одби да ја нарече ситуацијата кризна и изјави дека курсот на руската валута повторно ќе се зголеми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top