| четврток, 6 декември 2018 |

Раде Силјан ја доби на меѓународната награда „Самовилско коњче“

Истакнатиот македонски поет Раде Силјан е добитник на меѓународната награда „Самовилско коњче“, што ја доделува бугарскиот Сајт за уметност и култура „Артновини“ од Софија. Признанието на нашиот автор му е доделено за неговиот придонес во зближувањето на македонско-бугарските културни врски во изминативе две децении и за неговата поетска книга „Зло време“, што неодамна излезе од печат во издание на издавачката куќа „Богиана“ од Софија, во превод од македонски на бугарски јазик на писателот Владимир Луков.

Priznanie ARTNovini

На свеченоста, што се одржа во Бугарската телеграфска агенција признанието на Раде Силјан му го врачи познатиот бугарски скулптор Ивајло Савов,кој е и автор на статуетката што го симболизира самовилското коњче .

Priznanie ART2

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top