| четврток, 6 декември 2018 |

Елена во финале на „Твоето лице звучи познато“

И покрај проблемите со синусите, терапијата со инјекции и апчиња и две недели под лекарска контрола, македонската пејачка Елена Ристеска успеа да ја заврши својата задача за полуфиналната емисија на „Твоето лице звучи познато“.

Синоќа во живо Ристеска настапи во улогата на Сија, а гласовите на публиката беа пресудни таа да биде дел од петте финалисти кои продолжуваат во финалето на шоуто.

– Се чувствувам многу чудно. Како се одвиваа работите вечерва, не очекував дека ќе влезам во финале. Иако гласот ме издаде поради здравствените проблеми, се најдов во финале. Драго ми е, сѐ ова e шоу и за хуманитарни цели – изјави Елена.

Победник на синоќешната емисија е 16-годишната Црногорка Катерина Богиќевиќ. Покрај нив две, во финалето со најголем број гласови и од публиката и од жирито оди српскиот пејач Бане Мојичевиќ, како и актерот Ненад Окановиќ и пејачката Јелена Гавриловиќ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top