Американската филмска компанија „Сони пикчрс“, сепак, ќе го емитува филмот „Убиствено интервју“ за убиството на севернокорејскиот лидер Ким Јонгун.
„Сони пикчрс“ само ја одложи премиерата на филмот. Кибернетскиот напад врз компанијата е проблем на националната безбедност на САД, а не на „Сони пикчарс“ , изјави адвокатот на коорпорацијата Дејвид Бојез.
При кибернетскиот напад врз „Сони пикчрс“ беа украдени сè уште неиздадени филмови, сценариото на новиот филм за Џејмс Бонд и личната коресподенција меѓу првите луѓе на компанијата, но хакерите поставија и соопштение со закани дека ако се прикаже филмот ќе бидат извршени терористички напади.
Премиерата на филмот „Убиствено интервју“ првично беше закажана на 25 декември.
Извршниот директор и претседател на „Сони пикчарс“ , Мајкл Линтан изјави дека „Убиствено интервју“ е повлечен откако киносалите почнале да откажуваат да го прикажат филмот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ако незнаете каде да одите на одмор, еве предлог: Вака изгледа летување во Северна Кореја!
-
„Сони“ по грешка прикачи цел филм на YouTube (видео)
-
Средбата на првите дами на Северна и Јужна Кореја ја засени онаа на Меланија и Брижит
-
Ким Јонг Ун: Американската територија е во опсегот на нашето нуклеарно вооружување, а копчето за негово активирање е секогаш на мојата маса


