Васил Шишков во телевизискиот етер, веројатно, најмногу ќе остане запаметен по улогата во урбаната серија од почетокот на 90-тите на минатиот век „Бумбари“ во продукција на МТВ и режија на Горан Тренчовски. Актерите и пријателите не можеа да поверуваат дека нивниот пријател замина. Велат, ја одигра последната улога – беше Ристо Шишков, улога која секогаш ја играше со неизмерна среќа.
Тони Михајловски
„Вашиљ, велат дека си заминал од овој свет. Без поздрав, бе цимер. Без шанса да ти вратам за добрината што ми ја направи. И знам зошто ми навираат солзите на очи додека го пишувам ова. Како што знаев кога те гледав како го играш стариот твој во последната претстава, зошто тебе ти навираа и течеа солзите. Ти го земаа на сила, прерано и кукавички, а тебе те гледаа како споменик на нивното предавство. Сега си со него. Со оној кого најмногу го сакаше и кој најмногу те сакал. Со стариот. Поздрави го. Поздрави ги сите наши Вашиљ и почивај во мир бидејќи овде, на овој свет го немаше. Твојот сон да снимиш филм за стариот се надевам дека ќе го отсонува некој што ќе остане. Не знам само зошто додека плачам низ главава ми ечи ’Налеј налеј’… Ќе те спомнуваме и паметиме, брату“.
Петар Горко
„РИП Шишков. Не ми се верува. Васе, почивај во мир. Се надевам дека ќе го најдеш“.
Весна Петрушевска
„Vasil Siskov почивај во мир генерацијо ,колега….. последната улога му беше Ристо Шишков во Вечната куќа….. апсурдот да биде поголем… и беше бескрајно среќен на секоја изведба….. тажно, многу тажно… се надевам Шиле дека конечно ќе го најдеш својот мир и ќе испиеш една чашка со стариот…..“
Лазар Бараков
Драг пријателе, тешко ми е да поверувам дека повеќе те нема, тешко ми е да прифатам дека никогаш повеќе нема да глумиме заедно, никогаш повеќе нема да седнеме на кафе во бифето на Драмски, никогаш повеќе нема да дискутираме за старите добри македонски филмови. Но сепак сум и среќен што ја имав привилегијата да се дружам и работам со човек како тебе. Заедничките спомени никогаш нема да умрат. Засекогаш ќе останат во мене. Почивај во мир…
Борче Грозданов, новинар, поет
Поздрав
Поздрав до светлината и мракот,
до прашината и чистината
до лагата и вистината
до ходниците што немаат крај,
по кој трагам, по стапките на татко ми,
но пред и други скомраси
оние со маски,
оние без нив
оние со сон
оние без него …
Поздрав
Оловото и печатните букви
До
Еднаш влези – никогаш не излези,
До сајбер вистината,
без разлика на чистината …
Благодарам Вечер
Делевме и леби без леб
Со мисла и збор
Со честитоста и спор…
Поздрав до моите две раце вечерови Бетиче, Јасмиче. Цецка и Иринче,
Сонјче и Јагодче
Ве има и уште
Ве има и многу
Сопатници мои в непроспиени ноќи
Од Хамлети многу
Од Хамлети малку
До палјачовци многу
Од војводи малку
До комити многу
Од потрага – ветер
Од потрага ветер ништо нема в етер
Затоа херои знајни и незнајни
Тркалото го ткаат од магла и дух
А таму некаде и јас снуван награден Да
Иако глеј судба клета
Сал до вечер веќе нагрден сум јас
тажен сум да
Но не очајувам веќе
Во сал седум часа
Метафизички сме тука
И затоа Шиле наградата моја сега е и твоја.
Заедно со опинците од боса нога
И со парталите душевни
Со срце и бол
Заедно со тебе ги сака сите !
П.С. Посветено на сите мои содружници, сопатници, соперници кои те доведоа до овде, од среќа до очај, од феникс до смрт, и повторно и сигурно феникс!
Самоил Стојановски
„Драг Vasil Siskov, да те клукаа со живот барем половина колку што гулабите го правеа тоа, немаше да пишувам, почивај во мир другарче!“
Кирчо Анастасов
„Вечна ти слава пријателе Vasil Siskov.
Горд сум што те познавав.
Се надевам дека конечно го најде мирот кој многу ти недостасуваше на овој свет.
Жална е судбината на сите големи луѓе, Македонци“.
Нина Јанева, пејачка
Ти си причината заради која ми течат солзи веќе 10 минути… толку е времето за кое знам дека си на подобро место. Ти ми беше прва детска симпатија, ми беше генијален и единствен во она што го правеше. Уметнички. Достојно. Самостојно и своеглаво. Зошто? Ни требаше уште меѓу нас, ни требаше да те гледаме, да не импресионираш… Да не тераш уште повеќе да го сакаме театарот. Па се видовме пред само неколку дена. Беше насмеан Таков и ќе останеш засекогаш во моето сеќавање.
ПОЧИВАЈ ВО МИР ГОЛЕМ, ГЕНИЈАЛЕН, ДОСТОЕН ЧОВЕКУ!!!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



