| четврток, 6 декември 2018 |

На пролет втора сезона на „Икс-фактор“ – аудиции наскоро

Популарното музичко шоу „Икс-фактор“ се подготвува за втората сезона во нашшиот регион, која ќе се емитува на пролет, а аудициите ќе започнат наскоро.
Новост во оваа сезона е што покрај досегашните земји учеснички Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, во втората сезона ќе се приклучат и натпреварувачи од Хрватска, а шоуто ќе се емитува и таму.
Проектот ќе биде реализиран во соработка со продуцентската куќа “CLM”, кој ја има лиценцата за овој ТВ формат, а во Македонија Сител ТВ ќе биде дел од продукцијата.
Подготовките за аудициите се во полн ек, а скоро 19 милион луѓе од регионот ги очекува една фантастична и возбудлива музичка авантура, во која најголемите таленти ќе се борат за престижни награди и квалитетен почеток на кариерата.
Сите пејачки таленти од Македонија, Хрватска, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина ќе имаат шанса наскоро да се пријават и да ја пробаат својата шанса на аудициите кои ќе се одржат во многу градови ширум регионот.
Со оглед на регионалниот карактер, шоуто ќе донесе и многу изненадувања. Тоа што е сигурно е дека напролет не очекува одлична забава за која ќе се погрижат не само врвните изведувачи, туку и многу интересно жири составено од извонредни музичари и секако водителите на шоуто.
Сите кои сакаат  можат да се пријават преку испраќање на СМС порака со текст: X2 (празно место) ваше име и презиме на бројот 14722, цената на една порака е 5,9 денари со вклучен ДДВ.
Можете да се пријавите и преку Facebook страницата: https://www.facebook.com/XFactorAdria

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top