Според степенот на искористеност на системот за е-даноци Македонија се наоѓа на 7.место во светот, а во Европа е рангирана на високото второ место, веднаш по Ирска.
На денешната отворена Владина седница директорот на УЈП, Горан Трајковски истакна дека 93.112 компании го искористиле системот за е-даноци.
-До 31.11. 2014 година 351.501 даночна пријава имаме регистрирано по сите основи. За разлика од 2013 година кога во текот на целата година имавме регистрирано 127.000 даночни пријави по електронски пат, истакна Трајковски.
Во 2012 година пак по електронски пат биле поднесени 32.748 даночни пријави.
-Она што е најважно е дека комунакција не е веќе еднонасочна, односно само копманите да имаа обврска да ја известат Управта. Во моментот големите даночни обврзници и големите компании исклучиво по електронски пат ги доставуваат потврдите, рече Трајковски.
До 1.јули годинава за ДДВ фактурите, осносно одни кои се ослободени од ДДВ, во УЈП 11.628 субјекти доставиле барања, а УЈП има издадено 9.858 потврди за 243 проекти.
-Сите овие услуги од 1.јануари 2015 година ќе може да ги користи и Царинската управа, односно сите граѓани кои остваруваат права пд Царинската управа, односно за увоз и извоз обврските ќе можатт да се завршуваат за многу пократок период, нагласи директорот на УЈП.
Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески нагласи дека од година в година се забалажува прогресија во однос на е-даноци.
Во 2013 година по лектронски пат биле поднесени 128.000 пријави, а до сега во оваа 2014 година се поднесени дури 351.000 пријави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст