| четврток, 6 декември 2018 |

Вечерва се пее во живо, а Елена остана без глас

Македонската пејачка Елена Ристеска стравува за тоа како ќе настапи на вечерната полуфинална емисија на „Твоето лице звучи познато“, бидејќи веќе две недели е болна.

Кој ќе продолжи понатаму во финалето на шоуто вечерва покрај жирито и одлучува публиката, а Ристеска има огромна трема бидејќи поради болеста не може да го контролира својот глас.

– Елена е суров професионалец и свесна е дека целиот приход од наградите во ова шоу оди во хуманитарни цели, па затоа опцијата да се откаже од натпреварување не постои. Многу е болна, прима инекции и пие антибиотици, но напорно вежба и сака да издржи до крај. Се плаши само гласот да не ја издаде – велат од продукцијата за српски „Курир“.

Вечерва Елена ќе ја пее „Chandelier“ од Сија. Од десет натпреварувачи, пет продолжуваат во финале.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top