Се спроведуваат два проекти за вработување на професионалните војници кои поради возраста го изгубиле својот статус. Според министерот за одбрана, Зоран Јолевски, се работи за 59 лица кои се повикани да склучат договор. 52 од нив веќе потпишле, двајца не пројавиле желба и 5 лица сѐ уште го потпишуваат договорот.
До крајот на годинава, односно во наредните десет дена Министерството има обврска да ги вработи овие лица.
– За нови професионални војници структурирани се две групи со по 125 војници кои ќе бидат вработени идната година. Изработен е правилник за селекција, процесот ќе трае околу 3 месеци и планираме првата група од 125 до крајот на март почеток на април да биде завршена, рече Јолевски на денешната отворена владина седница.
Тој се осврна и на проектот „АРМ мој вистински дом“ за кој во последните неколку месеци се реализираат повеќе активности.
-И покрај процесот за развивање на идејниот проект, направена е и анкета преку која утврдивме дека 527 лица пројавиле интерес да го решат станбеното пшрашање преку овој проект, нагалси ресорниот министер.
Јолевски истакна и дека становите им биле презентирани на војниците и на нивните семејства и дека тите првично биле задоволни.
-Има промена квалитетот на зградите да бидат со висок квалитет и најсовремени решенија со подезмни паркинизи и зелени површини. Исто така втората работна група ќе се занимава со правните елемнти, а третата е задолжена за финансиите односно како ќе биде финансирањето од страна на баките, појасни Јолевски.
Министерот за финансии Зоран Ставрески додаде дека добиле согласност од банките да го финансираат проектот.
-Ние од банките иамаме согласност дека ќе го финансираат проектот. Во меѓувреме паднаат каматните стапки и ќе имаме и пониски цени, тоа е тоа што е важно и ѓто ќе треба да го дискутираме, рече Ставрески.
Со оглед на тоа буџетот на Министерството за одбрана кое има обврска да ја плаќа каматта за тие станови, ќе биде помалку оптеретен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.