Берлин сака да стане предводник во користење на возила на електричен погон. Но, за сега тие планови се недостижни, пред се поради недостиг на инфраструктура.
Берлин се електризира – барем така тврдат градските власти во најновиот пропаганден материјал кој најавува претворање на Берлин во светска метропола на еколошки транспорт, до 2020 година. – Токму Берлин како растечка метропола може да одигра важна улога во воведување на електрични возила – вели министерката за сообраќај во Берлин Корнелиа Ајзер.
Малку електрични возила
Но се уште на улиците на Берлин и Германија се вози занемарлив број на автомобили на електричен погон. Кон средината на годината во Берлин беа регистрирани само 1.350 возила на електричен погон од тоа само стотина во возниот парк на градот. Вкупно во градот се регистрирани 1,3 милиони возила. И наспроти овој мал број, Берлин, барем што се однесува до Германија, е далеку пред другите градови. Директорот Кнуг Хечтфишер треба да работи на зголемување на мрежата на станиците за полнење за електричните автомобили, но за сега од градот нема јасни сигнали. – Се почна многу бомбастично пред две години, но на тоа остана – вели Хечтфишер. Единствено кое за сега недостасува се тие проекти: 30 веќе се покренати, а се подготвуваат уште 50.
Електричната мобилност сѐ уште е непознаница
На прво место главните задачи за електро-иницијативата е да се електрифицираат возилата на градскиот сообраќај, како и кај фирмите кои од логистички причини зависат од сообраќајот. Се размислува и за воведување на бесплатно паркирање за автомобили на електричен погон.
По прашањето за инфраструктурата е постигнат еден мал успех. Разни понудувачи на електрична енергија се договорија околу еден вид на електро-роаминг, каде корисниците во иднина би можеле да плаќаат со единствена картичка. Во центарот на Берлин постои и од градот финансиран плац каде граѓаните можат на лице место да пробаат како е да се вози на пример мопед на електричен погон.
Уличните светилки – полначи
Но, додека медиумската презентација на проектот Берлин, град на електричен погон, уште и успева, компаниите кои треба да учествуваат во проектот многу доцнат со барањата за субвенции. Претприемачот Хечтфишер вината ја фрла на градските влалсти, кои како што вели, поставуваат високи бирократски препреки, што предизвикува одложување на изградба на инфраструктурата. Целта според која оваа година во дел од градот требаше да се постават 1.600 станици со полначи, нема да биде остварена ни до крајот на 2015 година.
Притоа една идеја која ја потврди фирмата Убитрисити можеше градот да го спаси од скапата изградба на инфраструктурата. Оваа компанија дојде на идеја, постоечките столбови за јавно осветлување да се прилагодат за полнење на автомобили. Со тоа со мали инвестиции градот би добил 227.000 станици за полнење на електричните автомобили. Но, на градските власти оваа идеја се чини премногу смела, бидејќи до сега не е испитана во јавна употреба. Многу критичари предлагаат дека поради тоа градот, слоганот Берлин се електризира, треба да го промени во Берлин се електризира, по малку.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Берлин: Прашањето за германски репарации кон Грција е правно и политички затворено
-
Делегација од Управата за заштита на културното наследство учествуваше на првиот Европски самит во Берлин
-
По Париз, денеска протести и во Берлин: Незадоволство од цените на станарините
-
Вучиќ во Берлин ќе се сретне со Меркел