| четврток, 6 декември 2018 |

Алтернативните гасоводи: Реалност или илузија

gasifikacija-opstina-bac-dusan-bajatovic-1328585176-66902

Проектот на гасоводот Јужен тек е завршена приказна, а Европа веќе бара други можности за снабдување со гас. Во дискусиите за алтернативни гасоводи, најмногу се потенцираат т.н. Медитерански тек, кој го иницираа Грција, Кипар и Израел, а кој би одел од Медитеранот кон Европа и Јужниот коридор кој ги поврзува Азербејџан и Италија.

Во дебатите поврзани за Медитеранскиот тек, важна улога треба да има Терминалот на течен гас ЛНГ на Крк, а поранешниот директор на хрватската компанија ИНА, Давор Штерн, смета дека тоа е поврзано за гасоводи кои најмногу се условени од економијата.

– Реално е сѐ што има економска смисла. Пред да сѐ пристапи на тоа, треба да се донесе една политичка декларација, на ниво на Европа, за ефективноста на предложените проекти. Тоа до сега никој не го направил, но факт е дека Израел има големи количини на гас, поделени на две големи наоѓалишта, Тамару и Левиатан, долж својот брег. Така оваа идеја и тоа како е реална. Проблем е што сега тие тој гас не можат да го извезуваат поради моменталната политичка состојба во таа земја – вели Штерн и објаснува каде тој гасовод би поминувал и која улога всушност тука ќе ја има Терминалот на Крк.

– Постојат два начина Израел да извезува гас. Еден е да постави гасовод преку Кипар до Турција, па од таму да оди по копнен пат до Европа, а тоа кохезира со сегашниот руски став, наместо Јужен тек да направи нов гасовод преку Турција. Меѓутоа, Турција ќе има многу трошоци за транзит на гас и тој гас ќе биде многу скап. Тука веќе настанува проблем. Потоа во целата таа приказна доаѓа и Терминалот за течен гас ЛНГ на Крк, кој е поскап како гас, но не кога ќе се земат предвид сите овие параметри кои сега ги наведов. Тогаш тој ќе стане конкурентен на природниот гас – тврди Штерн.

Терминал на Крк

– Хрваткса распиша тендер за консултанти за ЛНГ терминалот, а Крк е избран како место на кое тој ќе се наоѓа, а и еколошките прилики се поклопија. Постои можност дел од тоа да се направи, ако се работи на бродови кои на себе имаат можност да непотполно согорување на цврсто гориво, низ Плоче, за потоа да поминува по покус пат од Плоче кон БиХ, Унгарија и Србија. Но, повторувам… сето тоа треба да се пресмета врз основ на економијата, цената на гасот и преносните средства, бидејќи тие денес имаат најважна улога – заклучи тој.

Друга можност е гасот да се увезува преку Јужниот коридор, кој ги поврзува Азербејџан и Италија, а Штерн тврди дека и оваа идеја подолго време кружи и дека исто така е добра алтернатива. – Таа идеја исто произлезе од европските кругови. Прво беа предложени две идеи. Една беше Јужен тек, а другата Набуко т.е. Јужниот коридор, кој беше главен конкурент на првиот. Набуко беше американски проект, но во меѓувреме тој проект доби ново име и сега е познат како ИАП т.е. Јонско-јадрански гасовод, кој би одел од Азербејџан, преку Турција во Грција и Албанија, па од Албанија кон Италија, а еден крак на север би одел преку Црна Гора и Хрватска – вели тој.

– Тоа се два исклучителни гасоводи и тука во меѓувреме се појави таа идеја за Јужниот тек, која сега дефинитивно е прекината. Како се ќе се заврши тешко може да се предвиди, тоа ќе се покаже во иднина – заклучи Штерн.

Испипување на теренот

Уредничката во Балкан магазин и експерт за енергетски прашања, Јелица Путниковиќ, смета дека сега се испитува теренот и дека одговорите за алтернативно снабдување на гас треба да се добијат дури по Нова година.

– Мене ми се чини дека и Брисел и Москва сега го испипуваат теренот, т.е. се обидуваат да дознаат колку и едните и другите се подготвени на отстапки. Верувам дека првите конкретни чекори за ова ќе ги имаме дури по Нова година, а што се однесува до идејата за Јужниот коридор, таа постои веќе подолго и тоа е таа приказна, дека од Азербејџан гасот ќе стигнува до Турција па на Грција и сега Русите, со својата идеја за гасовод до Турција, всушност рекоа дека нивниот гасовод тука ќе биде на располагање. Како тој понатаму ќе оди, дали ќе оди во организација на Русија или ЕУ ќе се организира или можеби ќе бојкотира, тоа мора да го видиме понатаму – вели Путниковиќ.

Таа како и Штерн, смета дека се зависи од средствата за финансирање на проектите.

– Финансирањето на ЛНГ Терминалот и во време на поранешна Југославија, кога стопанството на цела Југославија беше многу постабилно од денес, не успеа, бидејќи трошоците едноставно се преголеми. На Хрватска се ветува дека ќе и биде пружена помош од ЕУ, а хрватските медиуми објавија информација дека тие ќе аплицираат кај ЕУ да добијат пари од фондовите, кои се најавени за големи енергетски проекти. Прашање е дали тие ќе ги добијат тие пари, а кога ќе ги добијат, тогаш можеме да зборуваме за изградба на тие гасоводи, кои ќе го спроведуваат тој гас преку територијата на поранешна Југославија – заклучи таа.

Таа додаде дека сепак, позитивна работа е да се зборува за гасоводите и потенцира дека е добро да има што повеќе правци за снабдување, бидејќи потрошувачите единствено така ќе бидат сигурни.

Цртање на линии

Професорот на Машинскиот факултет во Сараево, Нијаз Делалиќ, смета дека се работи само за цртање на линии по мапите, како што вели тој.

– Единствен сериозен проект беше Јужен тек, а единствени кои имаат средства да направат такво нешто се Русите. Да се постави гасовод под Црно Море е многу тешко и тоа можат да го направат само сериозни држави и компании. Набуко и останатите идеи се само празни приказни… Луѓето се поигруваат – тврди Делалиќ.

Тој смета дека единствен остварлив проект е тој кој го планираат Русија и Турција. – Турција е единствена држава која одлучи да направи стопански исчекор и таа е поим за сериозна економија. Турција веќе сега од Русија зима 60 милијарди кубици гас, а со овој нов тек ќе добие 14 милијарди кубици. Огранокот, за кој зборуваа претседателите на Русија и Турција е дел од тој Јужен тек до Турција, при што Турција ќе стане велесила, од аспект на расположливост со енергија. Само природниот гас е енергент кој може да поттикне брз индустриски развој – рече тој.

Тој смета дека Европа се однесува безобразно кон југоисточниот регион и тврди дека Западна Европа во принцип го реши својот проблем со снабдување со гас, а дека во регионот состојбата е многу неизвесна.

– Државите на кои не им треба гас и немаат намера да ја развиваат индустријата, а Русија во принцип нема што да изгуби бидејќи тие се тие кои го продаваат овој енергент – заклучи Делалиќ.

Ал Џезира Балкан – Сараево

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top