Македонската филхармонија денеска напладне во Универзална сала ќе го изведе традиционалниот новогодишен симфониски концерт за најмладите, под диригентство на Борјан Цанев.
Оркестарот на Филхармонијата ќе изведе популарни и атрактивни дела од Хачатуријан, Вилијамс, Штраус, Чајковски, Хендл, Менделсон.
Специјални гости на концертот се балерини од средното музичко училиште „Илија Николовски-Луј“, а аниматор на публиката и годинава е актерот Мартин Јорданоски, кој овојпат ќе има улога на едно од џуџињата на Дедо Мраз.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.