Генералниот секретар на Обединети нации, Бан Ки-мун денеска го пофали американскиот претседател Барак Обама поради храброста и визијата по повод нормализација на односите со Куба и апелираше Вашингтон да го задржи таквиот курс.
Бан посочи дека кубанскиот претседател Раул Кастро, во овој случај, се покажа како добар лидер.
– Многу ми е драго што конечно одлучија да се согласат, истакна Бан при неговата посета на Мали.
Генералниот секретар на ОН ја пофали и хуманоста на Куба која испрати стотици здравствени работници во западноафриканските држави да се борат против еболата.
Откако Куба во средата го ослободи американскиот хуманитаерен работник Алан Грос, во текот на размената на заробеници со САД, Обама најави обновување на дипломатските односи со Куба, ублажување на економските санкции и рестрикции за патувања.
– Изолацијата не дејствуваше. Време е за нов пристап, посочи Обама.
Во исто време Кастро ги поздрави новите односи со САД.
Пред обраќањата двајцата претседатели телефонски разговараа повеќе од 45 минути.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Америка во шок: Обама за малку избегна атентат со пакет-експлозив
-
Амбасадорите на Обама во Македонија и во околните земји работат на поткопување на суверенитетот на државите
-
Кој е режисерот, сценаристот и актерите против процедурата, волјата на народот и суверенитетот на Република Македонија
-
Обама се враќа