| четврток, 6 декември 2018 |

Професионални трендови кои ќе ја одбележат 2015

marketing

Новите трендови во работата се појавуваат секојдневно. Ова се десетте, според изборот на соработникот на Форбс – Иан Алтман, кои ќе ја одбележат 2015-та година.

1. Нов тип на продавач

Клиентите денес не ги сакаат трговците од “старата школа“. Бидејќи и купувачите денеска се многу поинформирани, тие сакаат и продавачот да биде добро запознаен со производот кој го продава. Тие треба да бидат нешто како професионални советнци. Исто така мора да бидат софистицирани. Компаниите во иднина уште повеќе ќе инвестира во обучувањето на овој тип на работници.

2. Блиска интеграција на продажбата и маркетингот

Според детално направените истражувања, уште пред да разговара со продавачот, купувачот е на пола пат да одлучи што ќе купи. Тоа е причината поради која маркетингот и продажбата ќе мораат да бидат уште повеќе интегрирани доколку сакате да водите добар бизнис.

3. Почеста присутност на бизнис консултантите

Порано беше случај професионалните советници да се појават еднаш во годината, да го кажат своето и повеќе да не се појавуваат во компанијата. Тоа не носи резултати. Одсега компаниите би требало да соработуваат со консултантите на неделна база.

4. Начин на презентација на стоката и вредност

Тука постојат два начини како најдобро да ги презентирате производите кои не се од “првата класа“ на светски познатите брендови. Еден е да се намали цената, а другиот е да се направат интересни и корисни, да не се создаде впечаток дека не се работи за светски познат производ. Многу компании ја прават истата грешка и своите уникатни производи ги продаваат и презентираат како второкласни, само затоа што не се (сеуште) глобално познати

5. Клиентот ќе плати голема цена само за производ со проверени резултати

Претходно споменатите трговци од минатите времиња се сметаа за успешни ако продадат производ за што повисока цена, независно од идниот степен на задоволството на конзументот. Денеска на продавачите им е важно купувачот да биде задоволен. Рецензиите на производот благодарејќи на технологиите секаде се достапни, а конкуренцијата е голема.

6. Едноставност и мобилност

На компаниите често им се случува да имаат повеќе податоци него што ќе имаат време за правилно да ги искористат. Понекогаш тие се и некорисни. Компаниите би требало да најдат златна средина меѓу количината на податоци и наједноставниот начин за нивното прегледување. Пристапот треба да биде достапен и преку мобилни уреди.

7. Нови прецизни маркетингшки стратегии

Тие би требало да привлечат вистински клиенти, односно оние “муштерии“ за кои производот е првенствено и наменет, т.е. од кои на крајот ќе имате најмногу корист. Само собирањето на голем број кликови се покажа како не толку вредно, а рекламните кампањи работени за сите типови на луѓе, веќе се минато.

8. Подобри односи со вработените

Среќните вработени со поголеми плати и подолг годишен одмор, ќе придонесат за продуктивност и позитивна атмосфера на работното место, што на крајот носи и подобри резултати за компанијата.

9. Content marketing

Овој начин на маркетинг полека го заменува традиционалниот. Се работи за создавање и презентација на содржина за вашата работа на публиката. Наместо само краток слоган, презентацијата или есејот стануваат се попосакуван начин на рекламирање. Модерната технологија, каде сте само на клик одалечени од разни мултимедијални содржини, кратки филмови или приказни, го забрза тој процес.

10 Интердисциплинирани работилници

При продажниот процес во иднина ќе бидат вклучени сите вработени во компанијата. Отворањето на вакви работилници е најдобар начин мислењето на сите вработени да се слушне и да се донесат најдобри професионални одлуки.

(Лидер.мк)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top