Пет држави од сливот на реката Меконг, Камбоџа, Виетнам, Мјанмар, Тајланд и Лаос ќе добијат три милијарди долари од Кина како помош и заеми наменети за подобрување на инфраструктурата, за борба против сиромаштијата и за заштита од поплави.
Веста лично ја соопшти кинескиот премиер Ли Кечијанг, кој денеска учествуваше во работата на Самитот за економска соработка на Големиот Меконг Субрегион, ГМС што се оддржува во Бангкок.
Кина во овој регион ќе насочи една милијарда долари за инфраструктурни проекти и 490 милиони долари за програми за справување со сиромаштијата. За заеднички стопански проекти Кина ќе даде заем од 1,6 милијарди долари.
Околу 20 милиони долари кинески средства ќе бидат вложени во изградба на заштитни системи на Меконг, река која дава големи благодети на регионот, но и предизвикува големи катастрофи при излевање од нормалното речно корито.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


