| четврток, 6 декември 2018 |

Кинескиот претседател се заложи за почитување на принципот на „една Кина“

кинески прецедникКинескиот претседател Кси Џинпинг кој се наоѓа во посета на Макао се заложи за доследното почитување на принципот на „една Кина“. Во Макао, претседателот на НР Кина престојува по повод 15 годишнината од враќањето на оваа територија кон матичната држава. Според Џинпинг луѓето во Макао треба да го почитуваат принципот дека Кина е единствена територија, без разлика што овој автономен регион има специјален статус.

– Мораме да работиме на изградбата на паралелните системи,за една и единствена Кина,со респектирање на разликите на двата политички системи, рече кинеснкиот претседател, мислејќи на различните политички системи во НР Кина и во Макао и Хонг Конг.

Макао е поранешна португалска колонија, која по враќањето кон Кина, како и Хонг Конг беше уредена да има посебен статус, според кинеската формула договорена со поранешните колонизатори, Португалија и Велика Британија, за „една држава-два система“. Кинескиот претседател присуствуваше и на свечената инаугурација на извршниот раководител на Макао, Фернандо Чуи. Пред шест месеци во Макао се одржаа масовни продемократски протести.

Во Хонг Конг неколку месеци траеја уличните демонстрации на продемократските активисти кои бараат вистинска демократија и не се согласуваат со тоа властите во Пекинг да ги надгледуваат изборите за локалните власти во оваа територија, барајќи правото на определувањето на кандидатите да биде оставено на жителите на Хонг Конг.

Пораката од Макао затоа се разбира и како порака за Хонг Конг, каде полицијата и прокинеските сили конечно успеаја да ги натераат студентите да се повлечат од улиците. Во текот на посетата на Макао, кинескиот претседател разговараше и за економската криза во територија ,која важи за најголемиот коцкарски центар во светот. Проблемите за локалните власти доаѓаат од тоа што оваа година приходот од коцкарскиот бизнис е намален за 20 отсто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top