| четврток, 6 декември 2018 |

139 години затвор за десетмина Срби за воените злосторства во Хрватска

zatvorХрватски суд за виновни прогласи десетмина етнички Срби за сторени воени злосторства врз цивили и воени заробеници во хрватското село Терпина во 1991 година и во прва инстанца ги осуди на вкупно 139 години затвор. Десетмината Срби беa обвинети дека како членови на паравоени српски формации, од септември до крајот на ноември 1991 година, наредиле и учествувале во незаконското лишување од слобода, малтретирањето и убиствата на цивили Хрвати и заробени хрватски војници.

Тие се осудени за убиството на вкупно 72 цивили и воени заробеници во реонот на Терпина. Двајца од обвинетите добиле казни од 20 години затвор, петмина по 14 години, двајца по 12 години и еден пет години затвор. Сите обвинети во овој судски случај се уапсени во јули минатата година, со исклучок на еден, кој беше приведен во февруари годинава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top