| четврток, 6 декември 2018 |

Џихадисти убиле стотина свои кои сакале да си одат дома

Jihad / SyriaИсламска држава егзекутира сто свои членови кои се обиделе да побегнат од нејзиниот „главен град“ Рака во Сирија, тврди неименуван сириски бунтовник, противник на ИД и на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад.

ИД формираше воена полиција чија задача е да ги „лови“ странските припадници кои не се јавуваат на должност. Последните денови воената полиција на ИД изврши упад во десетина куќи и приведе голем број џихадисти кои се разочарани од ситуацијата во Сирија.

Британските медиуми во октомври објавија дека пет Британци, тројца Французи, двајца Германци и двајца Белгијанци, кои сакале да се вратат во татковината, бидејќи сфатиле дека се борат против другите бунтовнички групи, а не против припадниците на режимот на Асад. Поради тоа ИД ги уапсила.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top