| четврток, 6 декември 2018 |

Москва: Кубанците чекаа половина век, ќе чекаме и ние

moskva1Русија денеска ги отфрли како бескорисни новите американски санкции кон Москва и најави дека ќе чека колку што е потребно Вашингтон да го признае нејзиното историско право на Крим.

Во соопштението на руското Министерство за надворешни работи се изразува жалење бидејќи „САД и Канада се уште не можат да се помират со резултатите од слободното гласање на Крим во март“ на референдумот на кој жителите на Полуостровот се одлучија да се отцепат од Украина и да се припојат кон Русија.

– Новите санкции нема да ја принудат Русија да се откаже од Крим, бидејќи тоа е историски и интегрален дел од Русија, се посочува во соопштението на руското МНР.

Исто така се алудира на ситуацијата со Куба и фактот дека САД по 50 години повторно воспоставија дипломатски односи со Хавана.

– На Белата куќа и требаше половина век да признае дека блокадата на Куба со санкции е бескорисна, па, и ние можеме да почекаме, се наведува во соопштението од руското Министерство за надворешни работи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top