Натпреварот од 10.коло во кошаркарската Евролига помеѓу екипите на Панатинаикос и Барселона беше прекинат во текот на првото полувреме, откако во една новинска редакција и еден веб портал пристигнала анонимна дојава за поставена бомба во салата.

Безбедносните служби во Атина со брза интервенција ја испразнија салата, а по пребарувањето од страна на полицијата одлучено е средбата да продолжи.

Се шпекулира дека 20-минутниот прекин е предизвика од домашните навивачи кои беа незадоволни од лошото издание на Панатинаикос.
Натпреварот заврши со победа на Барселона од 80:67.
Фото: ЕПА
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


