| четврток, 6 декември 2018 |

Ким Јонг Ун поканет да ја посети Русија

Рускиот претседател, Владимир Путин, упатил покана до лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун во која го повикува во новата 2015 година да дијде на гости во Русија, за време на 70 годишнината од советската победа над нацистичка Германија во Втората светска војна, соопштил днеска портпаролот на Кремељ, Дмитриј Песков.

Тоа всушност би била и првата официјална посета на Ким на некоја странска земја откако дојде на власт во 2011 година, пренесува „Ројтерс“.

Неговиот личен пратеник престојувал во Москва минатиот месец во рамки на напорите на двете земји да ги подобрат односите, наведува „Ројтерс“.

Песков за агенцијата „Итар Тасс“, потврдил дека таква покана навистина е упатена до Ким.

Русија секоја година на деветти мај ја одбележува победата на поранешниот Советски Сојуз во Втората светска војна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top