Компаниите бараат во високото образование покрај теоријата да се воведе и пракса, односно студентите да се стекнат со поголеми практични искуства за да може полесно да се снаоѓаат при вработувањето.
Ова го предлагаат бидејќи се соочуваат со недостиг на квалификуван високообразовен кадар кој за релативно кратко време може да се вклучи во работата на компанијата.
Многу често компаниите се соочуваат со дополнителен трошок за доедукација на кадарот кој планираат да го вработат, а сметаме дека тоа треба да биде задача на образовниот систем.
Така квалификуваниот кадар со адекватно знаење и вештини ќе биде поконкурентен на пазарот на труд, побрзо ќе најде работа, повеќе ќе биде платен, а работодавачот ќе биде поттикнат дополнително да го мотивира за да го задржи во својата компанија, изјави денеска извршниот директор на Сојузот на стопански комори Митко Алексов.
Тој додаде дека како компании се подготвени да дадат свој придонес во практичниот дел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Студентите три дена кампуваат пред „Стив Наумов“ и Кузман: Списоци има, домовите неспремни за вселување (галерија)
-
Одбележани 67 години од убиството на петтемина струмички студенти
-
Петти саем за вработување и пракса „Контакт“
-
Се полни државната администрација – Владата склучи договор за привремени вработување од над 56.000 евра