| четврток, 6 декември 2018 |

Десетмина Срби осудени на 139 години затвор за воените злосторства во Хрватска

srbija-hrvatska

Хрватски суд денеска прогласи десетмина етнички Срби за виновни за сторени воени злосторства врз цивили и воени заробеници во хрватското село Терпина во 1991 година и во прва инстанца ги осуди на вкупно 139 години затвор, пренесе „Танјуг“.

Десетмината Срби бае обвинети дека како членови на паравоени српски формации, од септември до крајот на ноември 1991 година наредиле и учествувале во незаконското лишување од слобода, малтретирањето и убиствата на цивили Хрвати и заробени хрватски војници.

Тие се осудени за убиството на вкупно 72 цивили и воени заробеници во реонот на Терпина.

Двајца од обвинетите добиле казни од 20 години затвор, петмина по 14 години, двајца по 12 години и еден пет години затвор.

Сите обвинети во овој судски случај се уапсени во јули минатата година, со исклучок на еден, кој беше приведен во февруари годинава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top