Сексапилната Хрватка, Северина, доаѓа во Скопје. Таа на 13 април во Скопје ќе одржи голем концерт во салата „Борис Трајковски“. Таа вели дека нестрпливо го чека датумот за дружење со македонската публика која и оставила силен впечаток на претходниот концерт.
Туристичката агенција Гуливер со секоја купена влезница за нејзиниот концерт го подарува и новиот албум „Добродошао у клуб“.
Билетите се веќе пуштени во продажба во продажните места: Т.А. „Гуливер“, „Југотон“-ГТЦ, „Камарад“-Рамстор, Цвеќара „Розе“ – Веро2, Куглана – С.Ц. „Борис Трајковски“ и „Тобако шоп“ – Сити Мол.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


