| четврток, 6 декември 2018 |

Тара: Сакам да ја вратам старата добра македонска песна

Ма­ке­дон­ски­от пе­јач од не­о­дам­на се ре­ши за нов пре­диз­вик – ком­по­ни­ра­ње на­род­на и фолк-му­зи­ка, не­што што, ка­ко што ве­ли, не го пра­ви за по­ве­ќе па­ри, ту­ку најм­но­гу за ќеф

Пес­ни што ќе мо­жат да се пе­ат во ка­фе­а­на, да се за­сви­рат со чал­гии, да зву­чат до­бро и са­мо со ги­та­ра или са­мо во при­друж­ба на ви­о­ли­на. Со но­ва страст и воз­бу­да во гла­сот, ва­ка Але­ксан­дар Та­ра­бу­нов збо­ру­ва за сво­ја­та но­ва оп­се­си­ја, ком­по­ни­ра­ње­то на­род­на му­зи­ка.

Мо­жам да ка­жам де­ка од ниг­де ни­ка­де ми дој­де оваа иде­ја, ми се свр­ти не­ко­ја ме­ло­ди­ја во гла­ва и, ед­но­став­но, мо­рав да ја на­пи­шам. Ко­га му ка­жав на та­тко ми да на­пи­ше текст, пр­во чуд­но ме пог­лед­на (се смее), но по­доц­на  ми пра­ти текст и тоа из­ле­зе ток­му та­ка ка­ко што оче­ку­вав – рас­ка­жу­ва Та­ра­бу­нов.

Пес­на­та ја пла­ни­рал за Ми­ле Куз­ма­нов­ски, но би­деј­ќи пе­ја­чот ве­ќе имал не­кол­ку пес­ни за про­мо­ци­ја, ре­ши­ле нив­на­та со­ра­бо­тка да ја оста­ват за по­доц­на. Пес­на од фи­о­ка­та на Та­ра ќе се нај­де и за На­ум Пе­тре­ски. За­се­га се соз­да­де­ни не­кол­ку пес­ни, а на­ско­ро со не­го­ви­те ком­по­зи­ции ќе се оби­де и на фе­сти­ва­ли­те за фолк-му­зи­ка или на кон­кур­сот за суб­вен­ци­о­ни­ра­ње на ма­ке­дон­ска­та му­зи­ка.

Ми бе­ше го­лем пре­диз­вик и мо­жам да ка­жам де­ка за­се­га ус­пе­ва. Гле­дам тоа да би­дат пес­ни што ли­чат на ста­рин­ски­те и са­кам да ја вра­там до­бра­та ста­ра ма­ке­дон­ска пес­на – ве­ли Та­ра.

Ова не зна­чи де­ка Та­ра се отка­жу­ва од сво­ја­та му­зи­ка, на­про­тив, ве­ли де­ка има вре­ме за сѐ. За­се­га ужи­ва во ком­по­ни­ра­ње­то, но не ве­ру­ва де­ка не­ко­гаш и тој, ка­ко по стап­ки­те на не­го­ви­от та­тко Ван­чо Та­ра­бу­нов, ќе за­пее на­род­на му­зи­ка.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top