Во организација на Министерството за култура на и делегацијата на Европската унија (ЕУ) во Скопје на 22 декември 2014 година со почеток во 12.00 часот во просториите на ЕУ Инфо-Центарот во Скопје ќе се одржи информативна сесија за програмата ,,Креативна Европа – Програма на Европската унија наменета за културните и креативните сектори”.
Инфо сесијата има за цел да ја претстави потпрограмата ,,Култура” на ,,Креативна Европа’’ и да ги презентира можностите кои оваа значајна програма ги нуди за македонските културни оператори како нејзини потенцијални корисници. За време на информативниот настан од страна на претставниците на Здружението на граѓани – Јавна Соба од Скопје, Н.У. Завод и Музеј – Битола и издавачката куќа „Магор“ од Скопје ќе бидат промовирани успешните проекти за културна соработка: „Балканска мрежа за дизајн”; „Акупунктура на градот“; „Во етерот’’, „Граѓански иновативни скулптури“, а ќе бидат претставени и проекти за литературни преводи поддржани од програмите „Креативна Европа” и програмата „Култура 2007-2013” на ЕУ.
Со потпишувањето на Договорот, Република Македонија стана официјален учесник во потпрограмата Култура на „Креативна Европа“, а македонските културни оператори се полноправни корисници на програмата која се однесува на периодот од 2014 до 2020 година. Со потпишувањето на овој договор Република Македонија и Министерството за култура како надлежна институција за спроведување на Програмата уште еднаш ги потврдија своите заложби да бидат рамноправни партнери на ЕУ во спроведувањето на нејзината културна агенда и во поддршката на проектите кои се дел од нејзините програми.
Програмата „Креативна Европа“ која е усвоена од Советот на Унијата на 5 декември 2013 година, е дизајнирана да го поддржи развојот на културата и креативните сектори, како главен извор на работни места и севкупен развој во Европа. Програмата ќе ја зачува и промовира културната и јазичната разноликост и ќе ја зајакне конкурентноста на сектори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.