| четврток, 6 декември 2018 |

Македонката на која ѝ е посветена новата песна на „Фламингоси“

Песната „Македонка“, новата песна на српското дуо „Фламингоси“, е посветена на Даниела Димитровска, српска манекенка која е родена во Македонија. Таа е сопруга на Огњен Амиџиќ од „Фламингоси“ и мајка на неговиот едногодишен син Матија.

Како што за српските медиуми откри Амиџиќ, ова е песна посветена на девојката што му го промени животот.

0_MJO_FIONA_Q_ISOV2_A3.jpg

Покрај оваа песна, тој на Даниела и ја има посветено и песната „Данијела то зна“ во 2011 година.

„Македонка“ е најава за новиот албум на „Фламингоси“. Музиката ја направија токму двајцата колеги од дуото, Огњен Амиџиќ и Маринко Маџгаљ, додека за аранжманот беше задолжен Марко Кон.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top