Сте запознале дечко кој на прв поглед ви се чини идеален, а потоа неколку месеци се прашувате каде ви бил умот и очите. Се прашувате зошто почнавте да излегував со него воопшто и зошто останав со него толку време? Еве неколку причини поради кои останувате во врска иако не сте вљубени во момчето:
Досадно ви е. А, во моментот и немате попаметна работа;
Па, не најлош на светот. Но не е ни најдобар.
Премногу сте мрзеливи да најдете некој друг, а не сакате да останете сми.
Се грижите дека стандардите ви се преногу високи и дека нема да најдете никој кој може да ги исполни. Бидете реални според тие стандарди и не се задоволувајте со работи кои не ви ја исполнуваат душата.
Тој е толку многу добар. Тој умее да ве насмее, за разлика од претходните момчиња. Но, тоа што има смисла за хумор, не значи дека е ваша сродна душа.
Тој е убав. Фактот дека најдобро е само да се молчи и да се смее не го менува тоа дека сте само личност со физички потреби.
Знаете дека не е личност со кој ќе го поминете животот, но е добар за сега.
Дали навистина сакате да го поминете животот со момчето кој не е во состојба да донесе ниедна одлука без неговата мајка: Не, но прави навистина убави лазањи.
Во некој вид на депресија сте. Се чувствувате лошо и знаете дека не треба да се забавувате со никого, но потребно ви е рамо за плачење.
Идеално одвлекување на вниманието. Од проблемите на работа, од прекумерниот стрес, прејадувањето. Ви се чини полесно да го префрлите фокусот на друга личност и да заборавите на проблемите кои навистина ве мачат.
Раскинување со некој навистина е тешко. Одзема многу енергија. Понекогаш само чекате да се направи нешто навистина ужасно, за да најдете оправдување за прекинот на врската.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.