| четврток, 6 декември 2018 |

Јордан Плевнеш на светски форум во Москва

jordan plevnes
Од 18 до 22 декември Москва е домаќин на интернационалниот форум во кој учествуваат повеќе од 200 книжевни дејци и научници од сите континенти.
Форумот кој се одржува во Конгресниот центар на претседателот на Руската Федерација, е на тема „Руската литература во светски контекст” и е организиран од Фондот „Достоевски“.
Ректорот не Универзитетот за аудиовизуелни умености, познатиот македонски писател Јордан Плевнеш, на форумот имаше свој настап со наслов „Каква ќе беше светската историја, без руската литература”, кој предизвика големо интересирање.
Покрај неговото интервју за руската телевизија, на форумот беа претставени и руските изданија на неговиот роман „Осмото светско чудо” и драмата „Р”, а во текот на утрешниот ден, Плевнеш ќе биде гостин на уметничкиот ансамбл на познатиот театар На Тагањка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top