| четврток, 6 декември 2018 |

Пијани тетовци нападнале жена, а потоа и полицаец

policijalenta

Вчеравечер во 21,20 часот во полициската станица во Тетово е пријавено дека во угостителскиот објект во „Теуш“ на ул.„ЈНА“ од страна на Т.Ф.(52) физички било нападнато женско лице.

Полициските службеници кои стигнале на местото на настанот, пред објектот биле пречекани од Џ.С.(40) од Тетово кој започнал недолично да се однесува кон нив, упатувајќи им навредливи зборови и одбивајќи да се идентификува, при што во еден момент физички нападнал еден полициски службеник.

Лицата се приведени во ПС Тетово, над двајцата е извршено алкотестирање при што е констатирано присуство на алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top