| четврток, 6 декември 2018 |

Со нови сили во Загреб против старите муштерии од Литваниjа

Ду­ри три се­лек­ции што ги по­бе­див­ме на Европ­ско­то пр­венс­тво во 2011 го­ди­на, Хр­ват­ска, Гру­зи­ја и Гр­ци­ја, по­втор­но ќе ни би­дат ри­ва­ли на но­ви­от кон­ти­нен­та­лен со­бир ид­на­та го­ди­на, а со нив во гру­па­та Ц би­тка за пр­ви­те че­ти­ри по­зи­ции ќе би­јат и Сло­ве­ни­ја и Хо­лан­ди­ја

Со но­ви си­ли и со ре­чи­си комп­лет­но нов со­став Ма­ке­до­ни­ја ќе се под­го­тву­ва за но­во из­не­на­ду­ва­ње и за ре­при­за на бај­ка­та од Ли­тва­ни­ја во 2011 го­ди­на, ко­га ко­шар­ка­ри­те на­пра­ви­ја чу­до. И тоа ед­но од нај­го­ле­ми­те во исто­ри­ја­та на Европ­ско­то пр­венс­тва со осво­ју­ва­ње на че­твр­то­то ме­сто. Ждреп­ка­та во Па­риз, „свет­на“ во на­ша ко­рист, па за но­ви­от кон­ти­нен­та­лен шам­пи­о­нат во 2015 го­ди­на, што ќе го поч­не­ме во За­греб, Хр­ват­ска, ни до­не­се че­ти­ри про­тив­ни­ци кои ги по­бе­див­ме во Ли­тва­ни­ја пред три го­ди­ни.

До­ма­ќи­нот Хр­ват­ска, Сло­ве­ни­ја, Гр­ци­ја, Гру­зи­ја и Хо­лан­ди­ја ќе ни би­дат про­тив­ни­ци во пр­ва­та фа­за во гру­па­та Ц што ќе се игра во глав­ни­от град. Нат­пре­ва­ру­ва­ње­то е со мал­ку из­ме­нет си­стем, од­нос­но ну­ди мож­ност че­ти­ри се­лек­ции од вкуп­но шест да се пла­си­ра­ат во след­на­та фа­за.

– Ра­но е за прог­но­зи би­деј­ќи има ре­чи­си уште це­ла го­ди­на до стар­тот на шам­пи­о­на­тот. Тре­ба да ви­ди­ме со кој со­став ќе па­ту­ва­ме за Хр­ват­ска и со кои ко­шар­ка­ри ќе рас­по­ла­га­ат про­тив­ни­ци­те. Ед­но знам, ќе има­ме огром­на под­др­шка од три­би­ни­те – из­ја­ви ма­ке­дон­ски­от се­ле­ктор Але­ксан­дар Џи­киќ.

Тој на­пра­ви чу­до во ква­ли­фи­ка­ци­и­те и со подм­ла­ден со­став без гро­то ѕвез­ди од Ли­тва­ни­ја ја пред­во­де­ше Ма­ке­до­ни­ја до плас­ман на но­во, пет­то Европ­ско пр­венс­тво за нас и че­твр­то во ни­за.

Ќе ја поч­не­ме но­ва­та ко­шар­кар­ска аван­ту­ра про­тив Гр­ци­ја на 5 сеп­тем­ври, меч што ќе би­де нов спе­ктакл на бал­кан­ски­те со­се­ди и но­ва шан­са да ја ре­при­зи­ра­ме сла­тка­та по­бе­да од Ли­тва­ни­ја со 72-58. На­о­стре­ни си­гур­но ќе би­дат и Гр­ци­те, кои по­са­ку­ва­ат ре­ванш за еден од нај­те­шки­те по­ра­зи во нив­на­та исто­ри­ја.

 

greece-flag-roundГр­ци­те нај­а­ву­ва­ат од­маз­да за де­бак­лот во Али­тус

Гр­ци­те има­ат од­ли­чен реј­тинг во свет­ска­та ко­шар­ка, беа и европ­ски пр­ва­ци, има­ат ме­да­ли од го­ле­ми­те нат­пре­ва­ру­ва­ња и, што е нај­важ­но за нив, умеш­но го одр­жу­ва­ат ква­ли­те­тот на ви­со­ко ни­во и во клуп­ска­та ко­шар­ка и на ре­пре­зен­та­тив­но ни­во. Олим­пи­ја­кос и Па­на­ти­на­и­кос се моќ­ни еки­пи со по­сто­ја­но учес­тво во Евро­ли­га­та, ка­де што осво­ју­ва­ат и ти­ту­ли, што е ре­пер за ква­ли­те­тот на Гр­ци­те. Има­ат и не­кол­ку­ми­на игра­чи од НБА, па ако ус­пе­ат да го „со­бе­рат“ комп­лет­ни­от со­став, ќе би­дат кан­ди­да­ти и за за­врш­ни­ца­та и за би­тка за ме­да­ли.

Глав­на ал­ка, се­ка­ко, е бе­кот на Олим­пи­ја­кос, Ва­си­лис Спа­ну­лис, и од не­го за­ви­сат мно­гу ра­бо­ти во ре­пре­зен­та­ци­ја­та на на­ши­от ју­жен со­сед. Тој е ср­це­то на ти­мот и ја има уло­га­та и на плеј­меј­кер и на бек-шу­тер, од­нос­но лес­но игра на по­зи­ци­и­те еден и два. Ко­га е во фор­ма, ре­чи­си е не­за­држ­лив и, спо­ред екс­пер­ти­те, тој е ко­шар­ка­рот што тре­ба да се со­пре за евен­ту­ал­но но­во из­не­на­ду­ва­ње на кое се на­де­ва Ма­ке­до­ни­ја. Пред­ност за нив на пре­ми­е­ра­та од гру­па­та Ц ќе би­де огром­ни­от мо­тив за да ни се ре­ван­ши­ра­ат за по­ра­зот во Али­тус, но и фа­ктот што во За­греб си­гур­но не­ма да нѐ пот­це­нат. Ме­ѓу­себ­ни­от скор со Гр­ци­те ни е 1-1.

greece-janis-antetonkumpoJа­нис Ан­те­тон­кум­по – ко­шар­кар на ко­го тре­ба да се вни­ма­ва
Крил­ни­от играч на еки­па­та од НБА, Мил­во­ки бакс опас­но на­пре­ду­ва, а со­се­ма слу­чај­но е во кла­са­та на на­ши­от Пе­ро Ан­тиќ во нај­сил­на­та ли­га на све­тот. Цр­но­мур­ни­от Грк е мно­гу ско­чен, атра­кти­вен ко­шар­кар, а има са­мо 20 го­ди­ни. Но­ва­та се­зо­на во НБА-ли­га­та ја поч­на од­лич­но и тој мо­же да би­де ви­стин­ска за­ка­на за нас, осо­бе­но ако се знае де­ка сме де­фи­ци­тар­но со ви­со­ки игра­чи.

 

croatia-flag-round„Коц­ке­сти­те“ пр­ви фа­во­ри­ти во бал­кан­ско­то друш­тво

Хр­ват­ска е до­ма­ќин, еден од че­ти­ри­те за­ед­но со Фран­ци­ја, Ле­то­ни­ја и со Гер­ма­ни­ја, и е прв фа­во­рит во на­ша­та гру­па. Две­те брон­зи од 1993 го­ди­на и од 1995 го­ди­на се да­леч­но ми­на­то за „коц­ке­сти­те“ кои не­ма­ат ме­дал на пос­лед­ни­те де­вет европ­ски пр­венс­тва. Во Сло­ве­ни­ја пред ед­на го­ди­на го осво­и­ја че­твр­то­то ме­сто и го сим­наа прок­лет­ство­то на­ре­че­но че­тврт-фи­на­ле, преч­ка на ко­ја па­ѓаа три­па­ти по ред. Се­пак, до ме­дал не стиг­наа ни­ту во Сло­ве­ни­ја отка­ко убед­ли­во за­гу­би­ја од Ли­тва­ни­ја во по­лу­фи­на­ле­то, а по­тоа ги дек­ла­си­ра и Шпа­ни­ја со 92-66 во меч за тре­то­то ме­сто.

Хр­ва­ти­те има­ат ек­стра-ква­ли­тет со НБА-шарм кој го да­ва­ат од­лич­ни­те шу­те­ри Бо­јан Бог­да­но­виќ и Дам­јан Ру­деж и до не­о­дам­на Ро­ко Ле­ни Укиќ.

Се­пак, клу­чен ко­шар­кар за нив би тре­ба­ло да би­де крил­ни­от цен­тар на Бар­се­ло­на, Ан­те То­миќ. Од­ли­чен ко­шар­кар со ви­си­на од 217 сан­ти­ме­три и ка­ра­кте­ри­сти­ки на бек, иску­сен и пре­ка­лен играч во Евро­ли­га­та. То­миќ и Бог­да­но­виќ би тре­ба­ло да ја пред­во­дат Хр­ват­ска до по­са­ку­ва­ни­те ви­со­чи­ни, од­нос­но до ме­дал.

– Ќе би­де ка­та­стро­фа ако не ја ми­не­ме гру­па­та. Мо­же­би ќе ви зву­чи пре­по­тент­но, но нас нѐ ин­те­ре­си­ра ме­дал – из­ја­ви Јас­мин Ре­пе­ша, се­ле­кто­рот на „коц­ке­сти­те“. И ним сме им долж­ни­ци, а ток­му про­тив Хр­ват­ска на пр­ви сеп­тем­ври 2011 го­ди­на со по­бе­да од 78-76 го поч­нав­ме по­хо­дот кон за­врш­ни­ца­та во Ли­тва­ни­ја.

Во За­греб след­на­та го­ди­на ќе игра­ме со Хр­ват­ска на 8 сеп­тем­ври, на де­нот ко­га Ма­ке­до­ни­ја ја сла­ви не­за­вис­но­ста. Хр­ват­ска во до­се­гаш­ни­те ду­е­ли со нас има пред­ност од 3-1 во по­бе­ди.

croatia-dario-saricДа­рио Ша­рик – играч во фо­ку­сот
За крил­ни­от ко­шар­кар на Ефес Пил­сен вла­де­е­ше ви­стин­ска тре­ска во оби­дот да се ан­га­жи­ра до­де­ка бе­ше играч на Ци­бо­на, и тоа на 17-го­диш­на во­зраст. Ек­стра-та­лен­ти­ра­но­то кри­ло на Хр­ват­ска со­зреа и игра не­ве­ро­јат­но до­бро иа­ко има са­мо 20 го­ди­ни. Го на­ре­ку­ва­ат бе­ли­от Ме­џик Џон­сон би­деј­ќи има 208 сан­ти­ме­три и ко­шар­кар­ско поз­на­ва­ње за на­стап на си­те пет по­зи­ции на пар­ке­тот.

 

slovenia-flag-roundБра­ќа­та Дра­гиќ – клуч за ус­пех на Сло­ве­ни­ја

Бра­ќа­та Дра­гиќ, Го­ран и Зо­ран, се клуч­ни за по­хо­дот на Сло­вен­ци­те кон вр­вот на европ­ска­та ко­шар­ка. Ту­ка мно­гу ра­бо­ти за­ви­сат од НБА и од ти­мот во кој игра­ат, Фе­никс санс. Ду­о­то Дра­гиќ е дви­жеч­ка си­ла на ре­пре­зен­та­ци­ја­та што ја пред­во­ди Ју­ре Здовц. Мо­жен проб­лем за нив е оси­гу­ру­ва­ње­то што тре­ба да се пла­ти ко­га ста­ну­ва збор за ко­шар­ка­ри кои на­ста­пу­ва­ат во НБА- ли­га­та. Сло­ве­ни­ја изг­ле­да со­се­ма по­и­на­ку со бра­ќа­та Дра­гиќ и без нив. Тие се мош­не ква­ли­те­тен и во­и­гран тан­дем, што ѝ да­ва по­лет на оваа се­лек­ци­ја. Про­дор­ни, бр­зи и со од­лич­на тех­ни­ка, Го­ран и Зо­ран ѝ да­ва­ат ри­там на игра­та на Сло­ве­ни­ја. Во со­ста­вот за ЕП 2015 си­гур­но ќе има уште не­кол­ку искус­ни ин­тер­на­ци­о­нал­ци, но клу­чот за ус­пех, се­пак, е во се­меј­ни­от сеф на бра­ќа­та Дра­гиќ.

– Со овој си­стем на нат­пре­ва­ру­ва­ње не мо­жам да про­це­нам да­ли гру­па­та е лес­на или те­шка. Мо­же да оди­гра­те до­бро во пр­ва­та фа­за, а да ис­пад­не­те во след­ни­от круг. Ма­ке­до­ни­ја го про­ме­ни со­ста­вот и за­се­га се ениг­ма за ме­не. Има вре­ме до шам­пи­о­на­тот за да ги за­поз­на­е­ме до­бро си­те про­тив­ни­ци – истак­на Здовц по ждреп­ка­та во Па­риз.

Со Сло­ве­ни­ја ќе игра­ме на 10 сеп­тем­ври, а тие има­ат пред­ност од 3-2 во нат­пре­ва­ри­те со Ма­ке­до­ни­ја.

slovenia-alen-omicАлен Омик – та­лент што наj­а­ву­ва бле­сок
Цен­та­рот на Уни­он Олим­пи­ја, Ален Омиќ, ве­ро­јат­но, ќе би­де ед­но од из­не­на­ду­ва­ња­та во старт­на­та пе­тор­ка на Сло­ве­ни­ја. Од Омиќ, кој е ви­сок 215 сан­ти­ме­три и има 22 го­ди­ни, се оче­ку­ва да до­не­се си­гур­ност, ско­ко­ви и по­е­ни под ко­ше­ви­те. Сло­вен­ци­те по­сто­ја­но про­из­ве­ду­ва­ат ек­стра- та­лен­ти на крил­ни­те и на цен­тар­ска­та по­зи­ци­ја, а Омиќ ќе тре­ба на ЕП след­на­та го­ди­на да ја оправ­да до­вер­ба­та на Здовц.

 

netherlands-flag-round„Ла­ли­ња­та“ ќе цу­тат на ЕП по 25 го­ди­ни па­у­за

Хо­лан­ди­ја е ау­тсај­дер во на­ша­та гру­па, ба­рем та­ка истак­ну­ва­ат струч­ња­ци­те, но „ла­ли­ња­та“ ве­ќе има­ат при­чи­ни за ра­дост без раз­ли­ка на ре­зул­та­тот во За­греб. По па­у­за од 25 го­ди­ни, пак ќе игра­ат на кон­ти­нен­тал­ни­от шам­пи­о­нат, а пос­ле­ден пат беа при­сут­ни во 1989 го­ди­на. Нај­го­лем ус­пех им е че­твр­то­то ме­сто во 1983 го­ди­на.

Гла­вен адут ќе им би­де тим­ска­та игра, што ги до­ве­де во друш­тво на европ­ски­от ко­шар­кар­ски крем. Се изд­во­ју­ва бе­кот Вор­ти де Јонг, а Хо­лан­ѓа­ни­те го­тват из­не­на­ду­ва­ње во ли­кот на Хенк Но­рел. Но­ви­от Рик Смитс, ка­ко што го на­ре­ку­ва­ат Но­рел, ма­ка ма­чи со по­вре­ди, а би бил зна­ча­ен еле­мент во игра­та на Хо­лан­ди­ја.

– Не­мам сре­ќа со по­вре­ди­те на ко­ле­на­та, но пре­сре­ќен сум што мом­ци­те ус­пе­а­ја да се пла­си­ра­ат на ЕП по 25 го­ди­ни па­у­за. Не ни е важ­но кои ни се про­тив­ни­ци­те, знам де­ка ќе да­де­ме сѐ од се­бе на пар­ке­тот. Без раз­ли­ка да­ли јас ќе играм или не – из­ја­ви Но­рел.

Со Хо­лан­ди­ја има­ме са­мо еден оди­гран меч и ги по­бе­див­ме во 1995 го­ди­на со 83-80. Во За­греб ќе игра­ме со Хо­лан­ди­ја на 6 сеп­тем­ври.

holland-dexter-hopeДек­стер Хо­уп – ид­ни­на­та на хо­ланд­ска­та ко­шар­ка
Плеј­меј­ке­рот на Арис Лу­вар­ден, Дек­стер Хо­уп, е на­деж на хо­ланд­ска­та ко­шар­ка. Цр­но­мур­ни­от бек има 21 го­ди­на и до­би­ва сѐ по­го­ле­ма ми­ну­та­жа од се­ле­кто­рот на Хо­лан­ди­ја, Тун ван Хел­фте­рен. Дек­стер има по­тек­ло од САД и е бек во сти­лот на та­мош­на­та ко­шар­ка, из­во­нред­но брз и експ­ло­зи­вен.

 

georgia-flag-roundГру­зи­ја го па­ме­ти ура­га­нот од Њу Ор­ле­анс, Ле­стер Бо Ме­кеј­леб

Гру­зи­ја сѐ уште го па­ме­ти ура­га­нот од Њу Ор­ле­анс, Ле­стер Бо Ме­кеј­леб, ко­шар­кар што бле­ска­ше во ма­ке­дон­ски­от дрес на шам­пи­о­на­тот во Ли­тва­ни­ја. Во вто­ра­та фа­за на ЕП пред три го­ди­ни, Ме­кеј­леб им да­де кош во пос­лед­ни­те мо­мен­ти за по­бе­да на на­ша­та се­лек­ци­ја од 65-63. За след­но­то ЕП не се знае да­ли Бо ќе игра за Ма­ке­до­ни­ја, а из­вес­но е де­ка со­ста­вот на Гру­зи­ја не­ма да пре­тр­пи го­ле­ми из­ме­ни. Не­из­вес­но е да­ли цен­та­рот на Мил­во­ки бакс, За­за Па­чу­ли­ја, ќе игра во За­греб. Тој е ко­шар­ка­рот око­лу ко­го се вр­ти игра­та на Гру­зи­ја, за­ед­но со Са­ни­ки­ѕе, Мар­ко­и­шви­ли и со на­ту­ра­ли­зи­ра­ни­от Гру­зи­ец од САД, Хик­мен. Ин­те­рес­но е што вто­ри­от стре­лец во ква­ли­фи­ка­ци­ски­от цик­лус за Гру­зи­ја, Ѓор­ѓи Цин­ца­ѕе, игра­ше за МЗТ Скоп­је до не­о­дам­на. Гру­зиј­ци­те има­ат од­лич­ни ин­ди­ви­ду­ал­ци, кои игра­ат во ре­но­ми­ра­ни клу­бо­ви во Евро­па и во НБА- ли­га­та и ќе би­дат тврд орев за си­те ри­ва­ли во гру­па­та Ц.

Со нив во­ди­ме со 2-1 во ме­ѓу­себ­ни­от би­ланс.

georgia-beka-burjanadzeБе­ка Бур­jа­на­sе – ко­шар­кар чие вре­ме до­пр­ва до­а­га
Бур­ја­на­ѕе има 20 го­ди­ни и Гру­зиј­ци­те го нај­а­ву­ва­ат ка­ко ко­шар­кар што има го­ле­ма перс­пе­кти­ва. Од не­го се оче­ку­ва мно­гу, а се­ле­кто­рот Игор Ко­ко­шков ве­ќе му да­де шан­са да игра за Гру­зи­ја во ква­ли­фи­ка­ци­и­те. Бур­ја­на­ѕе, иа­ко е млад, ве­ќе има и ин­тер­на­ци­о­нал­но искус­тво и на­ста­пу­ва во Шпа­ни­ја во ти­мот на Ба­скет Ко­ру­ња.

 

sport119-2-EUROBASKET2015-tabela

 

(Пишува: Зоран Поповски
Текст објавен во 119. број на неделникот „Република“, 12.12.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top