| четврток, 6 декември 2018 |

ЕУ ја прогласи дебелината за инвалидитет

evropski sudЕвропскиот суд за правда ја прогласи прекумерната тежина за инвалидитет, што може да значи дека работодавците мораат да ги третираат дебелите работници, чија тежина ги спречува целосно да ги извршуваат своите обврски, како лица со инвалидитет.

Случајот го покрена воспитувачот од Данска, Карстен Калтофт, кој тврди дека е отпуштен од работа затоа што не можел да ги извршува своите обврски поради килограмите. Иако Калтофт тврди дека неговите 158 килограми биле споменати при врачувањето на отказот, неговите работодавци негираат дека тоа било причина за прекин на договорот.

Работници од синдикатот ФОА во Данска, кој го покренале случајот пред суд во негово име, сметаат дека станува збор за неправедно отпуштање од работа.

debelina2Данскиот суд побарал од Европскиот суд да прецизира дали европските закони забрануваат дискриминација врз основа на дебелина и дали прекумерната тежина може да се смета за инвалидитет.

Во пресудата се наведува дека  „под одредени околности, дебелината на работникот може да претставува физичко, ментално или психолошко ограничување, кое во комбинација со други препреки може да спречи ефикасно учествување во професионалниот живот на исто ниво со останатите работници, а неспособноста која е долгорочна, како што е случајот со дебелината, може да се смета за инвалидитет во онаа смисла која е дефинирана со закон“.

debelinaСо оваа одлука работодавачите ширум Европа ќе мораат да се изложат на дополнителни трошоци со цел да ја прилагодат работната околина на работниците со прекумерна тежина. Вработените ќе можат да бараат поголеми седишта, специфични паркинг места, пошироки врати и други услови за работа.

Според статистиката на Светската здравствена организација, врз основа на проценката од 2008 година, околу 23 отсто Европјанки и 20 отсто Европјани спаѓаат во категоријата на лица со прекумерна тежина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top