| четврток, 6 декември 2018 |

И нив ги стисна кризата: Проститутките во Русија драстично ги зголемиле цените на нивните услуги

Prostitutka

Корисниците на услугите на проститутките на подрачјето во Русија, се фаќаат за глава од последните промени на цените.

Руските проститутки поради кризата се присилени да ги поскапат цените на своите услуги. Како што пишуваат руските весници „агенциите за изнајмување на придружнички“ ги покачиле цените за 30-40 отсто.

Услугите на овие „пријателки“ некогаш беа од 3 илјади до 7 илјади рубљи, а најголемото поскапување по џебот ќе ги удри, граѓаните во областа на Урал, кои ги користат услугите, затоа што таму цените скокнале за 50-100 отсто.

Причината за ова зголемување на цените е падот на рубљата. Рубљата е прогласена за најлоша валута во 2014 година.

Според податоците на Московската берза, руската валута од јануари паднала за 49,3 отсто.

Падот на рубљата во понеделникот, е најдолемиот еднодневен пат на оваа валута уште од 1998 години, кога Русија објавила дека веќе нема да може да ги враќа своите долгови поради исцрпените државни резерви.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top