| четврток, 6 декември 2018 |

(ВИДЕО) Со албански градоначалник Кичево ќе стане дел од етничка Албанија

Градоначалникот на Чаир зборува за Кичево како дел од Голема Албанија во САД

Shqiperia-EtnikeПопуста ќе биде пoбедата на албански кандидати вo Дебар, Чаир, Тетово, Гостивар ако Кичево не добие градоначалник Албанец и со тоа стане дел од етничка Албанија, порачува градоначалникот од Чикаго каде на 17 февруари ДУИ го промовирала својот кандидат за градоначалник Фатмир дехари. Изет Меџити тврди дека е максимално искрен кога бара со гласовите на Албанците Кичево да стане дел од етничка Албанија.

Како што од 2005 Чаир, Струга и Долнени дишат албански така и сега Кичево  на 24 март треба да стане Крчова, изјавил Меџити 20 дена пред договорот на македонските партии за заеднички настап во Кичево.

Меџити во Чикаго вели дека како што во САД шерифите одлучуваат за администрацијата и издавање дозволи така и Дехари од 24 ќе стане шериф на Кичево. И по две јавни пораки кои ги упатија американскиот Стејт Департмент и американскиот амбасадор во Тирана по изјавите на албанските лидери во кои зборуваат за обединување на албанските етнички територии од Подгорица до Скопје и од Прешево до Превеза не запира големо албанската реторика кои за овие избори како главен аргумент ја прифати и ДУИ која во последниве неколку изборни циклуси во јавните настани беше умерена при користењето на националното прашање на Албанците во регионот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top